Хоризонтална сигнализација на улиците

  • Вторник, Јул 17 2018

 

Продолжува акцијата за урбано уредување на Гевгелија со асфалтирање на улици во градот и населените места, а од денеска и со механичко одбележување на хоризонталната сигнализација на улиците низ Гевгелија.

Општина Гевгелија која за оваа намена има одвоено буџетски средства за реализација вели дека најпрво ќе биде извршено осовинското обележување на сите сообраќајници во градот, а веднаш потоа и на пешачките премини. Во наредните денови ќе биде обновена хоризонталната сигнализација на кружните текови, на паркиралиштата и такси-стојалиштата во градот.

Инаку, механичкото обележување ќе се врши наутро од 6 до 10 часот и во попладневните часови од 17 до 20 часот.
Паралелно ќе се одвиваат и работите за поставување и обележување на нови печашки премини и успорувачи (лежачки полицајци) на Моински пат и на улицата „Илинденска“, кај Детската градина.

На неколку поголеми гевгелиски сообраќајници постојните лежечки успорувачи ќе бидат заменети и поставени нови - лежечки успорувачи со означени пешачки премини.

Заради непречено одвивање на работите, на терен ќе злезат и инспекциските служби на надлежните општински одделенија, на Полициската станица и на ЈПКД „Комуналец“, со цел ослободување на улиците од паркираните возила каде треба да се врши механичкото одбележување на хоризонталната сигнализација.

Ако Ве замолат да го препаркирате возилото тоа ќе биде за оваа намена, а потоа ќе имаме свежо обоени пешачки премини, ознаки за патни правци и успорувачи на улиците кои треба да го подобрат сообраќајниот однос низ улиците во градот.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.