Топ Новости

„AQUA M2“ - ЕУ проект меѓу Гевгелија и две солунски општини од Грција

  • Вторник, Јул 17 2018

Заеднички Европски еколошки проект „AQUA M2“ меѓу општините Гевгелија и општините Пеонија и во Халкидона од соседна Грција и Универзитетот Аристотел од Солун 

 

Со грант од 516.000 евра доделени на Општина Гевгелија ќе се уредува коритото на Сува река и ќе се следи квалитетот на водите на реката Вардар.
Овој проект наречен „AQUA M2 – Одржливо управување со водените резурси во прекуграничниот регион“ е одобрен на 2-ри април годинава од „Интерег-ИПА Програмата за прекугранична соработка“ со средства од Европската Унија.
Денеска беше остварена првата работна средба на меѓуграничнте партнери, општина Гевгелија од една страна и Пеонија и во Халкидона од соседна Грција, од друга страна. Лидер партнер на проектот е општина Гевгелија а од грчка страна е Универзитетот Арисстотел од Солун со споменатите солунски општини.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.448.329 евра, што значи дека грчката страна на имплементатори ќе инкасира средства речиси двојно поголеми од оние на Гевгелија, т.е. 932.329,- евра.

ФОТО: Делегација на грчките партнери со своите соработници - Градоначалникот на општина Пеонија, Христос Гунденудис, градоначалникот на општина Халкидона, Јанис Цукнидас, професорката на Одделот за развој на хемиските истражувања од универзитетот Аристотелис од Солун, Димитра Ламбропулу

Задача на гевгелиската општина е да изведе заштита на реката Вардар и целиот прекуграничен регион од загадување. Во тој контекст предвидена е регулација на Конска река (Сува река) кон јужниот дел од урбанизираната зона, во должина од 600 метри.
- „Станува збор за најкритичниот дел од коритото, кое досега предизвикуваше излевање на речните води и загрозување на блиските станбени објекти, при пообилни врнежи и надојдени речни води. Со проектот се предвидува формирање на минор коритото на регулација, 7 каскадни прагови, а ќе бидат изведени заштитни насипи, така што дното и бреговите од коритото ќе бидат соодветно обликувани“, известуваат од општина Гевгелија.

На јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија како еден од имплементаторите на проектот од предвидените инвестициони средства со грантот му се доверени 123.807 евра за најсовремена лабораторија за мерење на квалитетот на водата на реката Вардар. (За ова пишувавме во прилогот: „Комуналец ќе го следи квалитетот на водите на Вардар“ уште во мај годинава). Ова секако, по почетокот на работата на Пречистителната станица на отпадни води кај Вардар што беше спроведен како резултат на трилатерален договор меѓу Швајцарската Влада, Владата на РМ и Владата на Република Грција за прочистување на отпадните води кои се слеваат во реката Вардар. Со овој проект „AQUA M2“ се заокружува целиот процес на Европските стандарди за меѓугранична соработка и односот кон еколошката средина.

- „Се радувам што со денешната средба отпочнува со реализација овој проект, иако градежните активности се очекува да започнат во месец септември. Бенефитот на општина Гевгелија е кристално јасен: заштита на природните ресурси и регулацијата на коритото на Сува река, која е притока на реката Вардар. Вардар е она што ги спојува двете држави, нашата држава и Република Грција и ние сме одговорни за управување со водните ресурси и за заштита на животната средина, и на оваа страна, и на таа страна од границата“, изјави по денешната средба за медиумите градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

На денешниот работен состанок беа утврдени наредните активности за реализација на проектот меѓу проектните партнери, за што ќе следат конкретни работи на терен.

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

Членството во ЕУ на Хрватска и донесе 10,7 милијарди евра

Економијата на Хрватска инкасирала неповратни средства во износ од 1,9

Повеќе

Спасовски и чешкиот министер за внатрешни работи во посета на ГП Богородица

Потпишан договро од еден милион евра донација од Владата на Чешка за МВР за

Повеќе

Гевгелиски олимпијци по француски јазик

Ана и Никола од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија на регионална „Олимпијада“ по

Повеќе

„Не биди ѓубре“ со акции во Валандово и Дојран

Параѓубаџиите вчера, во саботата изведoa акција за чистење на локации во

Повеќе

Градоначалник ДЈ со музика до хуманитарни средства

Перо Костадинов: На крајот на денот, најважно е дали некому сте помогнале

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.