Општина Гевгелија одобри 5,3 милиони денари за водоснабдување

  • Петок, Јул 20 2018

 

Со буџетска интервенција од дополнителни 5.305.992 денари Општина Гевгелија ќе го доврши започнатиот проект за „Подобрување на системот за водоснабдување во Гевгелија“.

Се работи за средства неопходни за изведба на дополнителни непредвидени работи, од кои најприоритетни се електричниот приклучок за енергетско напојување на водоснабдителниот систем, пред се изградба на нов 10 киловолтен кабелски приклучен вод за поврзување на новата трафостаница за напојување на водоснабдителниот систем. За ова се потребни средства во износ од 2.221.026 денари.
Покрај ова, дополнителни 3.084.966 денари се одобрени од буџетот на општина Гевгелија за заокружување на финансиската конструкција за финализација на проектот за водоснабдување на Гевгелија, кој вклучува нови бунари кај Вардар, потисен цевковод и цевковод за приклучок со постојната водоводна мрежа во градскиот водоводен систем. Овие средства се кофинансирање на целата вредност на проектот кон изведувачот „Хидрострој“ од Бугарија, односно доплатата за ДДВ на изведените работи од „Хидрострој“ кои се' вкупно изнесуваат 105.325.025 денари. Со грант од ИПА програмата обезбедени се вкупно 102.463.012 денари, бидејќи според договорот на РМ со меѓународните донатори заемите од ИПА се ослободени од плаќање ДДВ кон државата, па општината треба да ја обезбеди разликата во вредноста.

До овој месец, работите на терен се реализирани 70% од планските параметри, а исплатени се 46% од договорените средства. Работите иако требаше да бидат готови до септември 2017, продолжени се до јуни 2018, па кога и ова не беше исполнето од изведувачот, побарано е ново продолжување на рокот за изведбените работи до ноември 2018 година.

Неделава што измина жителите на Гевгелија, Мрзенци, Негорски бањи и индустриската зона „Блокотехна“ беа сведоци на 14 часовен застој на водоснабдувањето предизвикано како резултат на потребата од приклучување на новиот изграден цевковод со постојниот во Гевгелија, но и неспремноста на подизведувачот „АДРА“ од Куманово да се носи со професионалната работа на терен.

Сега ќе чекаме електричен приклучок, нов 10 Киловолтен кабелски вод за приклучок, технички прием на бунарите, па да очекуваме чиста вода за Гевгелија и населените места кои се снабдуваат со вода од градскиот водоводен систем.

 

Фото: Одлука донесена на 15 седница на Советот на општина Гевгелија

Дополнителните 5,3 милиони денари за водоснабдувањето во општината се всушност пренамена на буџетските ставки: Од ставката „Капитални трошоци на општината - реконструкција на деловни објекти“, се намалува за 20 %, и се преманаменува во ставката 482820 „Изградба на јавно осветлување“ (изградба на 10 киловолтен кабелски вод до трафостаницата која ќе ја снабдува со електрична енергија новиот систем за водоснабдување со бунарите нај Вардар) и ставката 482729 „Изградба на капацитети за водоснабдување“ со што вкупниот буџет на општина Гевгелија за 2018 година останува ист.

- „Ова е упад врз Буџетот на општината, не по вина на сoветниците и не по вина на сегашниот градоначалник, туку е резултат на неквалитетното планирање и потпишан договор од претходниот градоначалник со изведувачот. На 10 седница на Советот во март беше кажано дека треба да се изградат две куќички (чуварници) и два бинари, а сега излегува дека нема кабел до трафостаницата. Ваквото ново оптеретување на буџетските програми е упад со 3% од минатогодишните остварувања на основниот Буџет на Општината, што не е мала сума. Како тоа некој планирал проект од 100 милиона денари, а сега бара 105 милиони денари? Не е тоа мала работа“ - посочи советникот Тихомир Ручкоманов од ЛДП, кој на овој начин побара одговорност за несовесното и недомаќинско менаџирање со буџетските средства за овој прект од страна на претходниот градоначалник на општина Гевгелија.

Советот на општината ја одобри одлуката за одобрување на дополнителни буџетски средства за финализација на проектот за водоснабдување на Гевгелија со едногласно гласање „ЗА“.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.