Поставен камен темелник на Хидро Системот „Конско“ во Гевгелија
Топ Новости >

Поставен камен темелник на Хидро Системот „Конско“ во Гевгелија

  • Сабота, Јул 21 2018

 

Премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство Николовски и фирмата изведувач од Турција денеска на свечен начин поставија камен темелник за почеток на изградбата на браната „Конско“ кај Гевгелија.

Република Македонија преку Владата и надлежните министерства вложува во нови капитални инвестиции и проекти кои што директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Премиерот Заев и министерот Николовски го означија почетокот на изградбата на браната Хидро Систем Конско, најголемиот инфраструктурен зафат во овој регион во последните 50 години.

– „Секогаш ми претставува посебно задоволство кога Република Македонија преку Владата вложува во нови капитални инвестиции и објекти кои директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, но задоволството е уште поголемо кога се најавува реализација на дамнешна желба и потреба на граѓаните од овој крај која е стара речиси 40 години“ – рече Заев.

Тој рече дека изградбата на хидросистемот Конско за граѓаните на општина Гевгелија ќе значи реализација на нивната долгогодишна потреба и желба за навремено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, вода за наводнување која ќе дојде до нивите и плодните земјоделски површини, до плантажите и фармите, но и вода за спас на Дојранското Езеро.

Изградбата на овој хидросистем претставува најкрупен инфраструктурен зафат во овој регион во изминатите 50 години и инвестиција која ќе има мултифункционална улога.



Министерот Николовски рече дека станува збор за една од најголемите капитални инвестиции во земјоделството последните 10 години којашто е од исклучително значење за граѓаните од гевгелискиот регион, но и на сите граѓани на Македонија и ќе придонесува за енергетска стабилност, зголемување на земјоделското производство и безбедност на храна на национално ниво.

- „Со хидросистемот Конско ќе се обезбеди наводнување на 8.000 хектари од постојните 12.000 плодно земјиште во овој регион, а тоа е пет пати повеќе од сега реално достапните за наводнување 1.500 хектари плодни посеви во гевгелиско. Вкупната инвестиција на овој капитален зафат од програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство изнесува над 2,4 милијарди денари“, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски пред присутните.



Инвеститор на проектот е Република Македонија преку Министерството за земјоделство, а изведувач е турска компанија „Серка Тааххут Иншат“ А. Ш. која е во рамките на Адали Холдинг.

Изградбата на Брана „Конско“ во Гевгелија е првиот проект на „Серка Таххат Иншат“ во Република Македонија, иако со своите градежни дејности ги има раширено на 4 континенти во 13 земји низ светот.

Претставник на фирмата изведувач од Турција истакна дека дека ова е нивна прва изградба на објект во Македонија, откако нашата земја пред неколку дена доби покана за членство во НАТО и ЕУ со што рече дека се надева дека и понатаму ќе се задржат во овој регион и дека ќе работат на реализација на други проекти во нашава земја.

- „Ова е прва инвестиција на нашата компанија во Македонија, а се надевам дека ќе продолжиме не само како изведувачи туку и како инвеститори во другите сектори од економијата, како што е туристичката дејност со која исто така се занимава нашата компанија“, истакна Шефки Адал, претседател на Управниот одбор на компанијата изведувач „Серка Тааххут Иншат“ А. Ш. од Турција.

На денешниот настан, заедно со инвеститорите, изведувачите, претставниците на локалната власт од Гевгелија, локалното населенио од Конско и подпланинските села на Кожуф планина, гевгелиско, присуствуваа и градоначалниците од околните општини. Овој проект е од исклучително значење за граѓаните од гевгелискиот регион, но и за сите граѓани на Македонија, како старт на еден капитален продор на Македонската Влада.

Браната конско во најинтензивниот период на проектот ќе ангажира 250 вработени и број на градежна опрема до 100 единици. Истата според проектот ќе биде каменонасипна брана со асфалтно јадро, со висина од 80 метри, зафатнина на резервоарот од 21 милиони метри кубни. Реализацијана на проектот се очекува да донесе значаен придонес за македонската економија.



 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се асфалтира улицата „Едвард Кардељ“ во Нов Дојран

Летото е период на засилена градежна активност за подобрување на инфраструктурата во Општина Дојран

Повеќе

Младите активни во евроинтеграцијата на Македонија

Во Струмица утре  - Работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите 

Повеќе

Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот

Кампањата ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и

Повеќе

Бесим Деари привремено ќе раководи со БЈБ

Владата го разреши дирекорот на Бирото за јавна безбедност и на негово место привремено го постави досегашниот заменик директор 

Повеќе

Одбележан уменскиот панаѓур „Св. Пантелејмон“

Традиционално и годинава во организација на Месната заедница од село Ума, се одржа уменскиот панаѓур „Свети Пантелејмон“ во чест на верскиот штитеник по кој е насловена и тамошната црква

Повеќе

Летната опуштеност ги раздвижи крадците

За една недела извршени девет кражби во Гевгелија

Повеќе

Разрешувањето на директорот на БЈБ пред Влада во вторник

Владата во вторник ќе решава за разрешувањето на Лазе Велковски, а дали ќе има и постапка за кривична одговорност за злоупотреба на службена должност и овластувања засега нема најави од МВР

Повеќе

Мерка дисциплинска постапка за воспитувачката во гевгелиска градинка

За случајот се заинтересира и народниот правобранител кој побара да се преземат сите мерки за расветлување на истиот, но и да има одговорност за направениот инцидент

Повеќе

Елаборатот за штетите од невремето во подготовка

Владата треба да ги обештети земјоделците и правните субјекти по усвојувањето на елаборатот од страна на Советот на општината и второстепената комисија за елементарни непогоди

Повеќе

Гевгелија ги чествува двата Илиндена

Честит празник! Да ни е вечен Илинден!

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.