Топ Новости

Прес на градоначалнкот Поцков

  • Среда, Јул 25 2018

 

Интензивните градежни и проектни зафати ова лето, како и санирање на штетите од завчерашното невреме во Гевгелиско, беа темите на кои градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, се осврна на денешната прес конференција за медиумите.

Tој напомна дека во тек е пријавувањето на штети од граѓаните и правните лица и до денешниот ден веќе до општината има пристигнато 95 пријави за претрпени штети од врнежите со град во гевгелиско.

Поцков потсети и за неодамнешната средба на Амбасадорката на ООН Лујза Витон за увид во текот на работите за изградба на Времената депонија кај Конско, за која е одобрен грант од УНДП од 1,1 милиони евра.



Градоначалниот најави дека е завршена реконструкцијата на патот Миравци-Давидово, а во тек се активности за регионалниот пат Прдејци-Смоквица со тампонирање, по што ќе следи асфалтирање. Третиот регионален пат планиран за оваа година е патниот правец Гевгелија-Негорци кој треба да биде готов до крајот на годината. Целата инвестиција за подобрување на регионалната патна мрежа е 3 милиони евра, обезбедени преку Агенцијата за регионални патишта на РМ.

На Пресот Поцков одговори и за обвинувањата на локалната опозиција во врска со капиталните проекти кои се изведуваат на подрачјето на општина Гевгелија.

- „Проектот за Конска брана потекнува од 1978 година. Тогаш жителите на општина Гевгелија одвојуваа по една дневница од своите плати за изградба на Конска Брана. Овој проект е потреба на жителите на општината и определен од местоположбата на теренот“, објасни Поцков дека петдецениската потреба од брана на Конско започна да ја гради Владата на СДСМ. 

Фото 1 и 2: Асфалтиран патниот правец Миравци - Давидово


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

24 часовна полициска заштита за осумтемина пратеници

Од МВР велат дека пратениците не побарале заштита, туку полицијата одлучила тоа

Повеќе

Премиерот на „Валандовска ракијада 2018“

Премиерот Зоран Заев заедно со лозарите од регионот со манифестацијата го

Повеќе

Заев: Задено напишавме историја

Премиерот Заев на прес-конференција по изгласувањето на постапката за уставни

Повеќе

Собранието донесе одлука за уставни измени со 80 гласови

Доцна вечерва две третини од пратениците ги поддржаа уставните измени и со тоа

Повеќе

Гевгелија и Богданци викендов без струја

Десет часовен дводневен прекин заради неопходни интервенции најавуваат од ЕВН

Повеќе

Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

Функционер на САД во дипломатска мисија пред македонското исполнување на

Повеќе

Пресудата за Груевски стаса до Кривичен

Казната затвор од 2 години потврдена од Апелација денеска пристигна во Кривичен

Повеќе

Гевгелија и околината без електрично напојување

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично

Повеќе

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.