Топ Новости

Кој ја шири непријатната миризба низ Гевгелија?

  • Четврток, Јул 26 2018

Општината ангажира Специјализирана фирма која следната недела ќе изврши мерења и детекција за тоа кој е причинителот на непријатната миризба што со месеци и години наназад ја труе атмосферата во Гевгелија

 

Општината ангажира Специјализирана фирма која следната недела ќе изврши мерења и детекција за тоа кој е причинителот на непријатната миризба што со месеци и години наназад ја труе атмосферата во Гевгелија.
Ваков став завзеде градоначалникот на општина Гевгелија и на одржан брифинг со новинарите ја најави посетата на стручни лица од специјализирана фирма со лиценца за мониторинг и мерење на трите потенцијални причинители на непријатниот мирис во градот.

- „Не е дискутабилно дека таква непријатна миризба е присутна во нашиот град, во ноќните часови, па затоа јас како градоначалник сум повикан да обезбедам пристојни услови за живеење на сите граѓани на Гевгелија. Меѓутоа, до сега дискутабилна беше ситуацијата што три економски оператори, односно фирми се потенцираа како потенцијални предизвикувачи на миризбата, и сите три ја префрлаа топката еден на друг. Тргнувајќи од нашата законска обврска да го откриеме причинителот на миризбата, минатата недела имавме средба со специјализирана куќа која ги има сите технички инструменти за мерење, а има и сертификат како овластена фирма која е лиценцирана да изведува такви веродостојни мерења. На средбата се договоривме наредната недела, тие да извршат мониторинг и мерење на трите потенцијални причинители на непријатниот мирис. Одиме со ваква фирма, бидејќи како специјализиран и сертифициран субјект, тие ќе стојат зад откриените наоди при мониторирањето и полесно ќе ги бранат, отколку тоа да го стори нашиот овластен инспектор по животна средина, чии наоди, потенцијалниот извор на непријатен мирис би можел да ги оспорува.

Бидејќи сите три фирми имаат елаборати и интегрирани Б дозволи за вршење на таа дејност, доколку се открие причинителот, ние како општина ќе им дадеме определено време да ги отстранат мониторираните неправилности. Доколку не го сторат тоа, ќе бидеме принудени да изречеме соодветни санкции. Интенцијата не е да казнуваме, туку да ги натераме фирмите да си го вршат својот бизнис но, во исто време да бидат и општествено одговорни за тоа, се во интерес на граѓаните на Гевгелија“, истакна Поцков.

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

Членството во ЕУ на Хрватска и донесе 10,7 милијарди евра

Економијата на Хрватска инкасирала неповратни средства во износ од 1,9

Повеќе

Спасовски и чешкиот министер за внатрешни работи во посета на ГП Богородица

Потпишан договро од еден милион евра донација од Владата на Чешка за МВР за

Повеќе

Гевгелиски олимпијци по француски јазик

Ана и Никола од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија на регионална „Олимпијада“ по

Повеќе

„Не биди ѓубре“ со акции во Валандово и Дојран

Параѓубаџиите вчера, во саботата изведoa акција за чистење на локации во

Повеќе

Градоначалник ДЈ со музика до хуманитарни средства

Перо Костадинов: На крајот на денот, најважно е дали некому сте помогнале

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.