Топ Новости

Oдбележан Меѓународниот ден на борбата против трговија со луѓе

  • Понеделник, Јул 30 2018

 

Општина Гевгелија во соработка со НВО секторот се вклучи во борбата против трговија со луѓе, која со мигрантската криза при која Гевгелија се најде на транзитната рута, ризиците за таков вид криминал беа потенцијално присутни и на овие простори.

Меѓународниот свет одамна алармира за оваа опасност, препознаена како ново комерцијално ропство, со која се загрозуваат основните човекови права, слободата, слободата на движење, експлоатацијата, па дури и исчезнувањето без трага. Трговијата со луѓе е вториот најголем извор на профит за организиран криминал по дрогата.
Голем дел од мигрантите кои во бранот на Блискоисточната и африканска бегалска криза се најдоа во водите на Средоземното море на пат кон Европа, податоците на Обединетите Нации велат дека завршувале и во оваа форма на организиран криминал со човечката слобода.

По повод 30 јули, Меѓународниот ден на борбата против илегалната трговија со луѓе, Комисијата за борба против трговијата со луѓе при општина Гевгелија, го посети Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ лоциран во близина на македонско-грчката граница и овде се запозна со работата на овој Центар. Членовите на Комисијата разговараа со некои од присутните мигранти, се запознаа со условите за престој, нивниот пат и изминато патешествие, соочените ризици во потрагата по ново пристојно место за живот, избркани од воените немири во нивните земји. При средбата се донираше вода, сокови, прехрамбени продукти и средства за хигиена од страна на делегацијата локални општински претставници.

- „На овој ден треба да се потсетиме на сите жртви на трговијата на луѓе и да ги анимираме државната и локалната власт да вложат додатни напори за спречување на оваа илегална трговија која ги крши сите основни човекови права. Гевгелија многу силно ја почувствува светската мигрантска криза, кога над 18.000 непридружувани деца ја поминаа нашата граница и со тоа директно станаа потенцијални жртви на трговијата со луѓе. Оваа комисија која својата работа ја започна оваа година во наредниот период ќе се обиде преку едукации, предавања и вклучувања на сите релевантни институции да предупредува на опасноста од било каква трговија со луѓе на територијата на општина Гевгелија“ истакна на средбата Мирјана Костадинова, Претседателката на Комисијата.

Ташко Дојчинов, претседателот на Советот на општина Гевгелија објасни дека соработката на Советот со оваа комисија е на високо ниво.

- „Како Совет определивме буџетски средства за нејзината работа, што ја покажува нашата загриженост околу илегалната трговија со луѓе, и нашата намера, како Совет, преку работата на комисијата, да работиме заедно на спречување на појава на ваквата илегална активност во општина Гевгелија“, ја објасни посветеноста на локалната самоуправа и локалната заедница кон мигрантите и олеснувањето на нивниот транзитен пат низ нашата земја, без опасности по својата слобода и живот, претседателот на општинскиот Совет, Ташко Дојчинов.

Локалните претставници денеска го одбележаа 30 јули, Светскиот ден за борба против трговија со луѓе, со цел да се сврти вниманието на големиот број жртви на трговија на луѓе, кои се соочуваат со сексуална експлоатација, принудна работа, ропство, трговија со органи.

Светскиот ден првпат е одбележан во 2013 година, по усвојувањето на резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации за борба против трговија со луѓе.

Според податоците на Интернационалната Организација за мигранти, од вкупно 7.000 жртви регистрирани минатата година, 85 отсто биле жртви на меѓународна трговија со луѓе, а околу 13 отсто од вкупниот број на жртвите на трговија со луѓе се деца на возраст од околу 11 години.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

24 часовна полициска заштита за осумтемина пратеници

Од МВР велат дека пратениците не побарале заштита, туку полицијата одлучила тоа

Повеќе

Премиерот на „Валандовска ракијада 2018“

Премиерот Зоран Заев заедно со лозарите од регионот со манифестацијата го

Повеќе

Заев: Задено напишавме историја

Премиерот Заев на прес-конференција по изгласувањето на постапката за уставни

Повеќе

Собранието донесе одлука за уставни измени со 80 гласови

Доцна вечерва две третини од пратениците ги поддржаа уставните измени и со тоа

Повеќе

Гевгелија и Богданци викендов без струја

Десет часовен дводневен прекин заради неопходни интервенции најавуваат од ЕВН

Повеќе

Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

Функционер на САД во дипломатска мисија пред македонското исполнување на

Повеќе

Пресудата за Груевски стаса до Кривичен

Казната затвор од 2 години потврдена од Апелација денеска пристигна во Кривичен

Повеќе

Гевгелија и околината без електрично напојување

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично

Повеќе

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.