Гевгелија ги чествува двата Илиндена

Четврток, 02 Август 2018

Честит празник! Да ни е вечен Илинден!

 

Одбележувањето на 115 годишнината од Илинденското востание и 74 годишнината од одлуките за државноста на АСНОМ-ска Македонија денеска со букети цвеќе делегации на следбеници на историските вредности им оддадоа признание на борците од Гевгелија и гевгелиско по повод националниот празник Илинден.

Цвеќе за народните херои од НОБ од гевгелиско, на носителите на Партизанска соменица, на Спомен костурницата на паднатите жртви што ги даде Гевгелија во виорот на Народноослободителната борба на овие простори и пред споменикот на илинденскиот борец Сава Михајлов денеска положија делегации на Здружението на борците од Гевгелија, од Општина Гевгелија, претставници на локалниот општински Совет, Здружението на пензионерите, претставници на политичките партии од општината.

Со наклон за хероите и жртвите на едно бурно време до формирањето на македонската државност пред спомениците почит оддадоа градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, Претсeдателот на Советот на општина Гевгелија и претседател на ОО на СДСМ Ташко Дојчинов, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Андон Сарамандов, претставници на локалната самоуправа Марија Магдинчева Шопова, Тодор Ристов, Митко Алчинов, Пепи Стојанов и локални следбеници и поддржувачи на историските вредности и традиции на двојниот Илинден.

Со пригодна беседа пред присутните се обрати претседателот на Општинската Организација на Сојузот на Здружението на Борците од НОБ од Гевгелија, Ристо Марковски. Со честитките за Националниот празник тој особено испорача благодарност до борците за македонската државност, илинденците, учесниците на НОБ и присутниот 91 годишен учесник во ослободителната борба во гевгелиско, Антонио Несторовски од Стојаково.

Честит празник! Да ни е вечен Илинден!

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.