Вработената негувателка која вербално малтретирала дете згрижено во клонот на Детската градинка „Цветови“ на улица „Илинденска“ каде пред три дена беше објавено видео на социјалните медиуми, по инспекцискиот надзор од страна на Министерството за труд и социјала и е изречена мерка за дисциплинска постапка.
Раководството на градинката ја утврдува фактичката состојба при што имат констатирано дека вработената ги пречекорила своите овластувања. Против неа е покрената дисциплинска постапка. Од градинката тврдат дека станува збор за вербален испад без било каква физички контакт со детето.
За случајот нема жалба од родителите чие дете штотуку почнало да престојува по два часа во градинката. Таму денеска беше мирно. Пред камера не сакаа да зборуваат.
Гевгеличани сметат дека за овој инцидент потребна е казна и секој да си одговара за сопствените постапки и грешки. Пред дописникот на 24 вести изјавиле:
„Секој треба да си одговара. Доколку на еден не му се изрече казна и другиот ќе направи исто“,
„Мора да има казни, се работи за многу мали деца“,
„Не е се' во казните, потребно е да има ред во институциите. Не им е лесно и на вработените...“, велат дел од анкетираните жители.
Завчера на социјалните мрежи се појави видео во кое се слуша висок тон на негувателка упатен кон дете кое плаче. Авторот на видеото тврди дека детскиот плач траел цели два часа. За случајот се заинтересира и народниот правобранител кој побара да се преземат сите мерки за расветлување на истиот, но и да има одговорност за направениот инцидент.