Топ Новости

Вкупно 14 години затвор за убиството во Гевгелија

  • Четврток, Авг 23 2018

 

Дванаесет години за убиство и две години за помагање добија казна затвор две лица од Гевгелија. Кора Ибраимов (32 год) како сторител доби 12 години, а Ромео Колетиќ (44 год) како помагател доби две години затвор. И двајцата во Основен суд Велес беа прогласени за винови откако го признаа делото, кажаа дека се чувствуваат за виновни, се каат за стореното. Ибраимов дури рече дека било „не сакајќи“.

Убиството се случи на 21 ноември мината година околу 6,30 часот во домот на Колетиќ, на улица „Маршал Тито“ бр. 201 во Гевгелија, кога според обвинението на „свиреп начин“ бил убиен Благој Ристов (41 год). Починатиот бил гостин кај Колетиќ претходната вечер, а околу 22часот дошол Ибраимов. Сите заедно пиеле алкохол.

Во еден момент настанала вербална расправија во која Ибраимов го обвинил Ристов дека му го украл мобилниот телефон. По ова, обвинетиот за убиство го тепал со тупаници Благоја во пределот на лицето, а потоа на главата, го удирал од ќумбето. Потоа земал гајтан од електричен кабел и со него продолжил да го мава Благоја по главата и телото.

Откако Б. Ристов престанал да дава знаци на живот, Ибраимов и Колетиќ го преместиле телото во друга просторија, а потоа Колетиќ се обидел да ги прикрие трагите чистејќи ја просторијата од крв додека сторителот на обвинението, Кора заминал од домот на Колетиќ.

И двајцата обвинети со вчера изречената пресува од Основен Суд Велес сега се' уште неправосилно осудени лица, во тек е рокот за поднесување жалба. Во моментот кога го сториле делото тие биле во тешко пијанство. Кај Кора Ибраимов биле констатирани 4,56 промили алкохол во крвта, а кај Ромео Колетиќ 2,53 промили алкохол.

Автор: Петар Печков
Извор: Тирековмирече


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пречистителна станица кај Вардар утре ќе биде предадена во употреба

Капиталниот проект вреден 10,6 милиони евра е реализиран со трилатерална

Повеќе

Гевгелија од хотелски станува и транзитен угостителски центар

Гевгелија освен транзитна делница од меѓународниот пат „Пријателство“ стана и

Повеќе

Владата ги намалува тарифите на нотарите и извршителите

Извршителите повеќе нема да можат да наплаќаат енормно високи суми од граѓаните

Повеќе

Ветровита Гевгелија

Веќе 21 час Гевгелија е под ветровит налет со јачина од 50 до 70 километри на

Повеќе

Министерот Димитров денес во Миравци

Министерот за Надворешни работи Никола Димитров денес на граѓанска трибина во

Повеќе

Европската Унија со грантови за 30 општини во државата

Еден милион евра од Европската Унија наменети за развојни планови на 30 општини

Повеќе

Откриени 120 илегални мигранти во гевгелиско и Богданци

Во две одделни акции на МВР спроведени на 22 и 23 септември во реонот на

Повеќе

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.