Print this page

Димитров во Стојаково

 

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва е меѓу граѓаните на село Стојаково каде се одржува групен пречек на двоецот Шуклев/Николов кои патуваа со репарирано Рено 4 до Ница и назад.

Министерот ги пофалил на социјалните мрежи овие авантуристи на четири тркала кои со приказната за четири децении старото Рено 4 со кое патуваа на саем на олд тајмери во Италија ги преплавија социјалните мрежи и предизвикаа медиумски интерес.
Среќните и исполнети со еднонеделна патувачка авантура стојачаните Џоко Шуклев и Ѓорги Николов на враќање дома во Стојаково го поканиле министерот на средба дома. Димитров им возвратил на поканата со вечерашното присуство на кое уживаа со пригодна забава сите стојачани собрани на местото од каде ги испратија своите сожители Кафе барот „Икс“ во Стојаково. 

На сеселската забава се обратија и актерите на настанот Џоко и Ѓорги кои се заблагодарија на огромната поддршка од своите сограѓани и сите оние кои ги следеле и поздравувале на социјалните мрежи. Хероите на патешествието од Стојаково до Ница долго 4.500 километри добија Диплома од Месната заедница Стојаково за придонес во афирмација на нивното населено место, кое деновиве беше посетувано од медиуми и пишувано за него.

Џоко и Ѓорги пред присутните се заблагодарија со песната „Чаир е често досадно место“ од Владо Јаневски, ама со зборовите „Стојаково е често досадно место...“ бидејќи со вакви ентузијасти, креативци и авантуристички настроени жители може да стане и центар на интересот и случувањата, како што направија исполнителите на рефренот - Шуклев и Николов.

Министерот Димитров вечерва во Стојаково изрази благодарност и до амбасадите на Србија и Словенија и нивните амбасадори, како и до дипломатите на Франција и Хрватска, кои заедно со него за спомен влегоа во легендарното Рено 4.

 

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

СЈО со жалба бара притвор за Главчев и Димитровски

СЈО и понатаму бара притвор за Ратко Димитровски, сопственик на печатницата

Повеќе

СЈО со нова истрага „Поштенска Банка“

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски осомничени во новата

Повеќе

Асфалтирани три улици во Миравци

Вчера асфалтна постилка доби и улицата „Елена Минчев“ во должина од 130 метри,

Повеќе

Гевгелија го чествува 11-ти Октомври

Денот на македонското востание одбележан со полагање свежо цвеќе на Спомен

Повеќе

СЈО со нови 6 истраги

Подарок, Пропаганда, Дизајн, Хармонија, Базни станици, Пациент, се новите

Повеќе

Нов притвор за криумчар на мигранти

На регионалниот пат Негорци - Прдејци во близина на „Психијатриската болница

Повеќе

11 Октомври - Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република

Повеќе

Патрола на АРМ пукала во воздух и спречила влез на мигранти

АРМ со предупредувачки истрели во воздух спречила влез на мигранти во земјава,

Повеќе

Владата пристапи кон измени на Уставот на Република Македонија

На денешната 92 седница Владата на РМ донесе Одлука за доставување Предлог до

Повеќе

Донирано возило за гевгелиската детска градинка

Континуирана грижа на општината за подобрување на квалитетот за престој на

Повеќе