Топ Новости

Гевгелија е ЗА европска иднина

Среда, 05 Септември 2018

На средбата со граѓаните на Гевгелија зборуваа Хари Локвенец, пратеник во Собранието на РМ и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков

 

 

- „Јас сум македонецот Хари Локвенец. И денес и секогаш ќе зборувам македонски јазик и после успешниот референдум, никој нема да има право да забележи зошто македонецот Хари Локвенец зборува македонски јазик“.
Со овие зборови ја започна вечерашната средба со граѓаните од Гевгелија пратеникот во Собранието на Република Македонија во рамките на референдумската кампања „Излези ЗА европска Македонија“.

- „Гледав како на почетокот на дебатава вие граѓаните гледате гордо во македонското знаме додека се интонираше македонската химна. И химната, и знамето ќе бидат исти после успешниот референдум“ истакна во своето обраќање пратеникот Локвенец, потсетувајќи ги гевгеличани дека 30 септември не е само дата, туку можност за избор на нова подобра иднина за себе и идните генерации со полноправно членство во Европската Унија и НАТО со гарантиран македонски идентитет.

- „30 септември е денот кога ние треба да ја зграпчиме понудената шанса“ нагласи Локвенец и порача дека ова е шансата на нашата генерација која треба да ја препознаеме и зграпчиме и заради економскиот просперитет, и заради безбедноста, како што пред многу години тоа го препознале сега веќе етаблираните земји членки на Европската Унија и НАТО сојузот.

За предностите од соработката со земјите од Европската Унија зборуваше и градоначалникот Сашо Поцков кој пред се' ги посочи економските врски на гевгелиските бизниси од повеќе сектори, но и малопродажбата која зависи од бројната клиентела која доаѓа секојдневно од јужното соседство. Пред се' ги посочи текстилните комбинати, фабриките за преработка на земјоделски и овошни производи и угостителскиот сектор, посебно казинскиот туризам. Сите тие во поголемиот дел се поврзани со тесни бизнис врски со партнери, или потрошувачи од пазарите во Грција и земјите од Европската Унија.
- „Локалниот економски развој на општина Гевгелија во голем дел е зависен од фреквентноста на границите, од добрите меѓусоседски односи меѓу Република Македонија и Република Грција и од куповната моќ и на жителите на општина Гевгелија, и на жителите на Република Грција“.

Како подрачје во кое дел од граѓаните се занимаваат со земјоделска дејност, Поцков потсети и за предностите на членството во Европската Унија, користењето на ИПА фондовите за развој на оваа стопанска дејност.
- „Македонија секоја година добива 12 милиони евра од ИПА фондовите на ЕУ. Наместо досегашното аплицирање на секои три години со добивањето на членство во Европската Унија, како земја и како општина ќе можеме да аплицираме за средства од ИПА фондовите секоја година, со што не мора да чекаме за да ги реализираме некои планирани и зацртани проекти да измине следното тригодишје“, ја посочи Поцков финансиската предност од членувањето на државата како полноправна членка на Европската Унија. За ова тој аргументираше и со цифри: „Во Европската Унија 75% од законите кои се носат се наменети за земјоделието, а 50% од средствата се насочуваат во развој токму на земјоделието, кое е значаен фактор во формирањето на Бруто општествениот производ“.

Посетата на гевгеличани на закажаната средба „Излези ЗА европска Македонија“ што се одржа вечерва пред платото на Народниот театар во Гевгелија, ја потврдува определбата за иднината на Гевгелија која од секогаш себе се сметала за дел од Европа, со самиот епитет кој граѓаните со гордост го споделуваат „Гевгелија - европска порта на Македонија“.


 


 

Last modified on Среда, 05 Септември 2018 - 22:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

Заев: Аларм за борба против лажни вести и манипулации

За лажното претставување на двајца руски комичари како поранешниот претседател

Повеќе

Мицотакис победи на парламентарните во Грција

Нова Демократија на Мицотакис победи на предвремените парламентарни избори во

Повеќе

Апликацијата „МојДДВ“ до сега ја симнале близу 58.000 граѓани

За четири дена од почетокот на примената на апликацијата „МојДДВ“, од 1 јули

Повеќе

Заев: Берлинскиот процес е водилка за европски развој на нашиот регион

Во Познањ, Полска, вчера и денеска се одржува Самит ЕУ-Западен Балкан, како дел

Повеќе

Градинката во Миравци со нова ограда

По две недели работа на терен заврши оградувањето на двориштето на Детската

Повеќе

Владата одлучи: „Еуромакс“ не доби дозвола за експлоатација на руди за Иловица

На денешната седница Владата го одби барањето за издавање дозвола за „Иловица“,

Повеќе

Претседателот Пендаровски во посета на јужната граница и Транзитниот Центар за

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.