Топ Новости

Акцијата „Нахрани 10.000“ започна во Гевгелија

  • Четврток, Сеп 06 2018

 

 

Пред спортската сала „Партизан“ во Гевгелија започна националната акција за донирање храна „Нахрани 10.000“.

На поставениот штанд граѓаните на Гевгелија ќе можат да донираат храна која не е лесно расиплива и која подоцна ќе биде дистрибуирана до социјално загрозени граѓани.

Организаторите „Сите сити“ како намирници кои се добредојдени на отворените штандови ширум државата ги наведуваат: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супи, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Собирниот пункт во Гевгелија ќе биде отворен од 10 до 19 часот и секој добронамерен граѓанин кој може да помогне со донирање е добредојден.

Целта на оваа акција е да се подигне свеста на граѓаните за проблемот со недостаток на храна со кој се соочуваат многу граѓани во нашата земја.

Акцијата се спроведува во 10 градови од земјата.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.