Министерот Сугарески во посета на Дојран

  • Вторник, Сеп 11 2018

 

 

Погодности за стопанството и туристичката дејност се предмет на интерес на денешната посета на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на општина Дојран.

Во својата работна средба со менаџерите на неколку успешни локални компании, претставници на локалната самоуправа и градоначалникот на Општината, Сугарески ги најави ангажманите на Министерството за развивање на урбаните погодности во населените места и општините низ државата. За таа цел одвоени се над 100 милиони евра кои ќе се инвестираат во изградба и реконструкција на канализации и водоводи низ општините.

Министерот за Транспорт и врски Горан Сугарески на средбата со своите домаќини разговараше за капиталните проекти што се реализираат во општината кои се од исклучително значење за развој на туризмот како и за подобрување на животот на дојранчани.

- „Дојран е значајно туристичко место и во соработка со општината ќе реализираме проекти со што ќе го развиеме туризмот за да привлечеме што повеќе домашни и странски гости“, ја акцентираше незаобиколивата носечка дејност на дојранскиот регион, министерот Сугарески.

Министерот Сугарески во посета на фабриката за амортизери „СТД - Дојран“

Тој ги најави и директните инвестиции на Владата за развој на патната мрежа во државата, со ангажирање на 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините, што ќе биде обврска на ресорното Министерство за транспорт и врски.

- „Оваа финансиска помош ќе биде од огромно значење за општините особено за сите граѓани, бидејќи тоа е предуслов за подобрување на животот во населените места“, изјави министерот.

Во придружба на министерот при денешната работна посета во Дојран беше и пратеничката во Собранието на РМ, Мери Лазарова од Валандово.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.