Топ Новости

Европските фондови во придонес на општина Гевгелија

Петок, 14 Септември 2018

Само преку ИПА- Програмата за прекугранична соработка изминативе години во општина Гевгелија се реализирани 10 проекти во вредност од близу два милиони евра

 

 

Можностите за проекно ангажирање на европските фондови во капитални зафати потребни на општина Гевгелија е една од веќе познатите придобивки од партнерството со Европската Унија и нејзините развојни програми и веќе применето знаење во инфраструктурното подобрување на локално ниво.
Општина Гевгелија со години наназад, особено по периодот на пред пристапните преговори е програмски корисник на средства од европските фондови. Овде посебно место има ИПА програмата за прекугранична соработка и билатералните проектни соработки со македонските соседи, Грција и Бугарија, кои се членки на Европската Унија.

- „Само преку ИПА- Програмата за прекугранична соработка изминативе години во општина Гевгелија се реализирани 10 проекти во вредност од близу два милиони евра. Со европски грантови во Гевгелија е изграден мостот на Сува река, регулиран поголемиот дел од одводниот канал Рауљ, изграден е одводен канал во Негорци, реновиран покривот на Пионерскиот дом, целосно уреден Вардарски рид. Во моментот во општината се реализираат два проекти преку истата програма, со Република Грција и со Република Бугарија, за уредување на туристичкото излетиште Динќут и за регулација на Сува река, за кои од ЕУ ни' се доделени 685.000 евра“ изјавуваат од општина Гевгелија.

Од локалната самоуправа додаваат дека со европски грант во Гевгелија е извршена целосна реконструкција на опожарениот Народен театар, кој цели две децении  стоеше без никаков санационен зафат, реновиран е граничниот премин Богородица, опремена е Општата болница и Здравствениот дом, а во завршна фаза е реконструкцијата на железничката станица.

Во рамките на ИПАРД програма преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој изграден е дел од патот Негорци - Серменин, патот за Ума, улицата „Мирко Делев“ во Негорци. На оваа листа на европска помош во подновување на сообраќајната инфраструктура е и изградбата на современата автопатната делница Смоквица-Демир Капија, од која бенефитите ги чувствуваат сите патници долж оваа траса од меѓународниот автопат „Пријателство“, изјави градоначалникот Поцков. Во овој европски контекс на соработка и финансиска поддршка Поцков го нагласи и долгогодишниот прект - изградената Пречистителна станица на реката Вардар, за која најави дека на 26 септември треба да биде предадена во употреба.

Можностите за финансиска помош и поддршка од Европската унија ќе се мултиплицираат со полноправно членство на Македонија во Европската Унија, што секако ќе биде добробит на сите граѓани со живот во модерни инфраструктурни и современи погодности за секого од урбаните средини. Не се заборавени ниту рурални подрачја, кои имаат посебна програма за развој преку Европската Унија. Токму со средства обезбедени преку Програмата за рурален развој на ЕУ, општинско учество и средства од Светска Банка, деновиве привршува и проектот за изградба на нови бунари за водоснабдување кај Вардар. 

Европското членство отвара нови развојни перспективи како за Гевгелија, така и за другите региони во државата, но и за другите сектори (покрај инфраструктурата, руралниот развој), особен интерес за стимулации има и во областа на земјоделието.

Соработката со соседите значи нови можности за соработка и развој, а поддршката од Европската Унија ќе ги прошири можностите за соработка и со другите членки на Унијата, во сите сектори, а тоа значи поголеми шанси за развој и просперитет на општината и државата.

 

Last modified on Петок, 14 Септември 2018 - 04:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

Заев: Аларм за борба против лажни вести и манипулации

За лажното претставување на двајца руски комичари како поранешниот претседател

Повеќе

Мицотакис победи на парламентарните во Грција

Нова Демократија на Мицотакис победи на предвремените парламентарни избори во

Повеќе

Апликацијата „МојДДВ“ до сега ја симнале близу 58.000 граѓани

За четири дена од почетокот на примената на апликацијата „МојДДВ“, од 1 јули

Повеќе

Заев: Берлинскиот процес е водилка за европски развој на нашиот регион

Во Познањ, Полска, вчера и денеска се одржува Самит ЕУ-Западен Балкан, како дел

Повеќе

Градинката во Миравци со нова ограда

По две недели работа на терен заврши оградувањето на двориштето на Детската

Повеќе

Владата одлучи: „Еуромакс“ не доби дозвола за експлоатација на руди за Иловица

На денешната седница Владата го одби барањето за издавање дозвола за „Иловица“,

Повеќе

Претседателот Пендаровски во посета на јужната граница и Транзитниот Центар за

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.