Утре петок 21 септември во терминот од 7:30 до 15:30 часот дистрибутерот на електрична енергија ЕВН - КЕЦ Гевгелија најавува прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од Гевгелија и околните населени места.
Прекинот ќе биде поради работа над 110 киловолтниот далновод и за тоа е предвидено целото осумчасовно работно време на сручната екипа на ЕВН во текот на утрешниот ден.
Во наведениот период без електрична енергија ќе бидат корисниците во селата Серменин, Конско, Ума, Смрдлива вода и Ски центар Кожуф, кaзино „Фламинго“, фабриката „Контихидропласт“ и објектите околу Комунален сервис до Шумското, во индустриската зона, потоа, селата Ново Коско и Моин и дел од индустриските корисници на излезот од Гевгелија, кон село Моин (Фарма Моин, „Житко“, „Јоријан“ и други).
Од Корисничко Енергетскиот Центар Гевгелија најавуваат дека обемот на работа наложува преќин на електроснабдувањето и во текот на саботата 22 септември. За местата, реоните и корисниците кои ќе останат надвор од електроенергетескиот систем поради работа на 110 киловолтниот далновод и во саботата, ЕВН КЕЦ Гевгелија ќе достави дополнително соопштение и објава на стопанските корисници кои ќе треба да го прилагодат или одложат производниот процес согласно енергетските прекини.