Велосипедско дефиле

Сабота, 22 Септември 2018

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден  без автомобили“

 

 

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден без автомобили“.

На акцијата во најголем број се одзваа учениците од двете основни општински училишта од Гевгелија, „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“ покажувајќи ја својата спретност со велосипедите и блискоста со пораките за движење, мобилност, без автомобили. Кон акцијата се приклучија и членови на граѓански организации, спортски клубови, ЗПСК „Кожуф“, но и поединци, се' во функција на здравите навики за движење, а посебно за заштитата на животната средина без моторните возила кои ја загадуваат околината.

Велосипедското дефиле започна од пред Основниот суд во Гевгелија, продолжувајќи покрај црквата „Св. Кирил и Методиј“, раскрсницата кај Градската библиотека, по улицата „Маршал Тито“ до Железничката станица, на кружниот тек по улицата „Слободан Митров Данко“, лево по улицата „7-ми Ноември“ и повторно заврши пред просторот на Основниот суд.

Организаторо на настанот е Општинскиот совет за безбедност. Градоначалникот Сашо Поцков ја поздрави акцијата и големиот број учесници.

 



 

 

Last modified on Сабота, 22 Септември 2018 - 15:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.