Топ Новости

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските пријателства

  • Недела, Сеп 23 2018

 

 

- „Шо да ви лафам јас на вас гевгеличајне уф Гевгелија за Европа. Европа уф Гевгелија е и на таки и наваки. Европа е уф Вас“ се обрати на гевгелиски дијалект Премиерот Зоран Заев на вечерашната трибина одржана во центарот на Гевгелија.

За својот избор на обраќање објасни:
- „Почнав со гевгелиски дијалект зошто нашите ценети лингвисти велат дека богатството на јазикот е во многуте диијалекти. Овој наш богат јазик, македонскиот сега ќе биде признат јазик во Европската Унија и официјален јазик во таа асоцијација. Тоа го има во член 2 од Договорот од Преспа каде е признат македонскиот идентитет и македонскиот јазик, а со членството во Европската Унија ќе стане официјален јазик како и секој јазик од другите земји членки на Унијата“, објасни Заев за вредностите на јазикот, идентитетот, договорот и европската иднина на Македонија со претстојниот референдум.

- „Овде во Гевгелија поминува железничката трансферзала од Атина до Париз. Гевгелија ја има одамна Европа во себе. А сега и европскиот воз за членство на кој после 27 години чекање треба да се качиме на него“ ги потсети Заев гевгеличани дека од секогаш биле дел од светот и светските патишта.

Премиерот Заев и лидер на СДСМ, предводник на коалицијата „Излези ЗА“ вечерва ги потсети гевгеличани на огромните пријателства кои се создадени со поканата во НАТО и договорот со Преспа.
- „ Сите соседи ни станаа пријатели. Министрите за надворешни работи на Грција и Бугарија се бореа во Европскиот Совет за нашата покана за членство. Од 8:30 до 21 часот се бореа за нас во ЕС. Деновиве бројни државници од ЕУ ни' испорачуваат поздрави на поддршка за референдумот. Дојдоа да ни изразат поддршка и Тереза Меј, и Меркел, и Курц, и Генералниот секретар на НАТО, и Макрон испрати видео порака. Кога толку држави дошле да ја посетат Македонија, а до пред неколку месеци дали знаеја каде е на картата да ја покажат. Конечно заслужуваме на ова пријателство да одговориме со прифатено партнерство во Европското семејство и НАТО. Ние ја имаме честа да бидеме 30-та членка на НАТО алијансата. Тоа значи сигурност и траен мир на овие простори. Ве молам да не изгубиме ниту еден ден повеќе во чекање, а не 27 години“, рече Заев пред граѓаните на Гевгелија.

- „Ми доверивте вие граѓаните мандат да ја водам државата до декември 2020 година. Со ваква опозиција може да добијам уште еден мандат. Ама, каде да ја водам Македонија? Во калта. Затоа треба да гласаме за влез во ЕУ и НАТО. Референдумот е последниот воз за Европа, односно возот што ќе ја донесе Европа овде. Нема друга алтернатива. Нема план Б. Ова е прашање дали ќе бидеме дел од светот, или сами во светот. Постарите генерации знаат како се живеело со пазар од 22 милиони народ. Сега отвараме пазар со 500 милиони народ“, ги нагласи Заев економските предности од отварањето на пазарите за соработка со земјите од Европската Унија.

И поентата:
- „Јас, Зоран Заев од село Муртино, Струмичко, газев по црвени теписи послани и во Брисел, и во Лондон, и во Берлин, и во Вашингтон, ама црвениот тепих не беше послан за мене, човекот од Муртино, туку за Македонија. Затоа треба да возвратиме на ова пријателство и во недела на 30 септември да гласаме ЗА. Ајде граѓани, приклучете се да ја испишеме европската историја на Македониаја“ беа завршните зборови на Заев проследени со громогласен аплауз од граѓаните на Гевгелија кои ги разбраа и поздравија пораките на Премиерот.

 

На трибината во Гевгелија свои обраќања имаа и пратеничката во Собранието на РМ,  Јулиана Николова (од ЛДП)  и претставник од невладиниот сектор од Гевгелија, Ристо Атанасовски.



 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

СЈО со жалба бара притвор за Главчев и Димитровски

СЈО и понатаму бара притвор за Ратко Димитровски, сопственик на печатницата

Повеќе

СЈО со нова истрага „Поштенска Банка“

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски осомничени во новата

Повеќе

Асфалтирани три улици во Миравци

Вчера асфалтна постилка доби и улицата „Елена Минчев“ во должина од 130 метри,

Повеќе

Гевгелија го чествува 11-ти Октомври

Денот на македонското востание одбележан со полагање свежо цвеќе на Спомен

Повеќе

СЈО со нови 6 истраги

Подарок, Пропаганда, Дизајн, Хармонија, Базни станици, Пациент, се новите

Повеќе

Нов притвор за криумчар на мигранти

На регионалниот пат Негорци - Прдејци во близина на „Психијатриската болница

Повеќе

11 Октомври - Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република

Повеќе

Патрола на АРМ пукала во воздух и спречила влез на мигранти

АРМ со предупредувачки истрели во воздух спречила влез на мигранти во земјава,

Повеќе

Владата пристапи кон измени на Уставот на Република Македонија

На денешната 92 седница Владата на РМ донесе Одлука за доставување Предлог до

Повеќе

Донирано возило за гевгелиската детска градинка

Континуирана грижа на општината за подобрување на квалитетот за престој на

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.