Топ Новости

Европската Унија со грантови за 30 општини во државата

  • Вторник, Сеп 25 2018

 

 

Tриесет мали општини и осумте Центри за развој на планските региони со средства од Европската Унија ќе подготвуваат интегрирани развојни планови, за што се обезбедени вкупно еден милион евра. Ова финансиска поддршка е дел од проектот на Европската Унија вреден 2,4 милиони евра, во имплементација на УНДП.

Меѓу добитниците на грант е и општина Богданци. Од останатите кои ги исполнуваат критериумите на ЕУ за ваков вид помош се општините Ранковце, Липково, Старо Нагоричане, Теарце, Боговиње, Врапчиште, Маврово и Ростуше, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Долнени, Лозово, Росоман, Свети Николе, Дебарца, Вевчани, Центар Жупа, Василево, Ново Село, Босилово, Конче, Студеничани, Зелениково, Чучер Сандево, Зрновци, Чешиново Облешево, Виница, Пехчево и Берово, како и во осумте Центри за развој на планските региони.

Општините се избрани врз основа на реално поставени критериуми, до 20 000 жители, или пак општина со седиште во село, но и врз основа на подготвеноста на општината да преземе обврски за подготовка на стратешки план, да располага со соодветни административни капацитети и пред се да демонстрира интерес и подготвеност да работи на остварување на поставените цели.

- „Целтта е да се поддржат најслабо развиените општини преку подготовка на интегрирани и инклузивни развојни планови и грантови за имплементација на по еден приоритетен проект во секоја општина“, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

- „Четириесет насто од средствата од ЕУ за државата, се насочуваат кон општините“, изјави Никола Бертолини, претставник од Делегацијата на Европската Унија. Тој на презентацијата на проектот за европска помош на опшштините „Go local“ ја истакна важноста да се продолжи дијалогот за да ги разбереме сите добро проблемите. „Потребно е поголемо вклучување на младите затоа што тие полесно ги прифаќаат предизвиците, а ние сме тука да ви помогнеме“, изјави Бертолини.

Пoстојаната претставничка на УНДП Луиза Винтон, при презентацијата на Европските грантови ја назначи важноста на развојот на руралните средини во државата. Та истакна дека „Капацитетите на локално ниво за обезбедување и управување со средства се сеуште ограничени, особено во малите и руралните општини. Постојат големи јазови во стандардите на живеење и можностите кои се нудат на граѓаните во урбаните и руралните области. Справувањето со овие предизвици е еден од главните приоритети на УНДП”, изјави пoстојаната претставничка на УНДП Винтон, која е проект партнер во реализацијата на грант програмата наменета за 30-те општини и 8-те регионални центри во државата.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

СЈО со жалба бара притвор за Главчев и Димитровски

СЈО и понатаму бара притвор за Ратко Димитровски, сопственик на печатницата

Повеќе

СЈО со нова истрага „Поштенска Банка“

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски осомничени во новата

Повеќе

Асфалтирани три улици во Миравци

Вчера асфалтна постилка доби и улицата „Елена Минчев“ во должина од 130 метри,

Повеќе

Гевгелија го чествува 11-ти Октомври

Денот на македонското востание одбележан со полагање свежо цвеќе на Спомен

Повеќе

СЈО со нови 6 истраги

Подарок, Пропаганда, Дизајн, Хармонија, Базни станици, Пациент, се новите

Повеќе

Нов притвор за криумчар на мигранти

На регионалниот пат Негорци - Прдејци во близина на „Психијатриската болница

Повеќе

11 Октомври - Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република

Повеќе

Патрола на АРМ пукала во воздух и спречила влез на мигранти

АРМ со предупредувачки истрели во воздух спречила влез на мигранти во земјава,

Повеќе

Владата пристапи кон измени на Уставот на Република Македонија

На денешната 92 седница Владата на РМ донесе Одлука за доставување Предлог до

Повеќе

Донирано возило за гевгелиската детска градинка

Континуирана грижа на општината за подобрување на квалитетот за престој на

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.