Веќе 21 час Гевгелија е под ветровит налет со јачина од 50 до 70 километри на час.
Од Метеоролошката станица во Гевгелија известуваат дека првиот посилен ветровит налет започнал во 18:20 часот во текот на вчерашниот ден. Ветрот продолжил цело попладне и цела ноќ добивајќи ударна сила од 70 километри на час во термините од 21:20 часот и ноќта во 03:40 часот.
Ударните налети не продолжија, но остана и понатаму ветровитото струење од северен правец со континуирана јачина од 50 до 60 километри на час.
- „Ветрот продолжува со истиот интензитет со ударна сила од 14 до 15 метри во секунда, што е еднакво на 50-60 километри на час“, известува дежурниот метеоролог Томе Узунов.
Максималната температура измерена денеска е 21 степен Ц, во Југоисточниот регион е 15 степени Целзиусови.
Прогнозата за денеска е - Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. УВ=6, известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на РМ.