Пуштена во употреба новата Пречистителна станица на Вардар кај Гевгелија

Среда, 26 Септември 2018

Проект вреден 10,6 милиони евра реализиран со трилатерална соработка помеѓу Македонија, Грција и Швајцарија, денеска беше одбележан со обраќањето на Премиерот Заев и амбасадорите на земјите донатори

 

 

Капитален проект вреден 10.693.000 евра реализиран како резултат на трилатералната соработка помеѓу Владите на Швајцарија, Грција е Македонија, изградбата на Пречиситителна станица за отпадни води кај Вардар денеска беше официјално пуштена во употреба.

По тој повод денеска во Гевгелија на свечениот настан присуствуваа претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, амбасадорката на Швајцарија во нашата земја Сибил Сутер Техада, амбасадорот на Република Грција во нашата земја Димитрис Јанакакис, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Сите тие се обратија пред бројните гости, претставници од локалната самоуправа, советници, вработени во јавното локално комунално претпријатие кое ќе стопанисува со новата пречистителна станица, медиумите и други претставници од јавниот и стопанскиот сектор на Гевгелија.

- „Задоволство ми е дека ја пуштаме во употреба петтата по ред Пречистителна станица за отпадни води во државата, овој пат во Гевгелија. ПС во Струмица, Радовиш, Кичево и Прилеп кои ги пуштивме во употреба изминатите неколку месеци работат во полна пареа и овозможуваат значително почиста и поздрава животна средина“ - истакна во Гевгелија Премиерот Заев.

ПС во Гевгелија која денеска официјално започнува со работа има капацитет да прочистува отпадни води во населени места со 30.000 жители и ги задоволува потребите на овој регион.

Заев истакна дека проектот ги задоволува барањата од Рамковната директива на ЕУ за третман на отпадни води и меѓународните речни сливови. Вкупната инвестиција од 10,6 милиони евра е пример за успешна трилатерална соработка со фактот што 6,7 милиони евра се обезбедени од Швајцарската Конфедерација, за проектирање и изградба на ПС, 1,8 милиони евра од Владаа на соседна Република Грција за изградба на административна зграда, линија за мил и други административни работи и повеќе од еден милион евра од Владата на РМ и општина Гевгелија за изградба на колекторот, пристапниот пат и систем за заштита од поплави, ги објасни инвестиционите зафати и уделите на земјите партнери во проектот Премиерот Заев.
Тој упати благодарност за земјите донатори и упорноста во реализацијата на заедничкиот проект, а на граѓаните на општина Гевгелија им посака здравје и со години да го користат бенефитот од ваквиот проект кој е придонес во зачувувањето на животната средина.

 



Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во РМ, Г-ѓа Сибил Сутер Техада во своето обраќање пред присутните ги потенцираше важноста и предностите од реализацијата на овој капитален проект, не само поради својата финансиска вредност, туку и поради вредноста во грижата и третманот кон зачувувањето на животната средина. 

- „Ова е значаен проект за нас не затоа што ни' одзеде толку време, туку што покажа силна инволвираност на сите вклучени страни и пример дека работите можат да се постигнат заедно. Овој проект е пример дека двете соседни земји, Македонија и Грција може да соработуваат заедно рака под рака. Овој проект ја доведува Македонија поблиску во Европската Унија и Стандардите за води. Ние сите сакаме да ја видиме Македонија како дел од Европската Унија со решени еколошки и животно важни аспекти“, истакна Амбасадорката Техада.

Амбасадорот на Република Грција во Македонија, Димитрис Јаникакис ја истакна долгогодишната соработка на овој проект која започна од октомври 2010 година кога се ставени потписи на трилатералниот договор за одвојување на финансиска помош за изградба на пречистителна станица кај Гевгелија. Јаникакис се заблагодари на сите изведувачи, надзорни тела, вработените на „Комуналец“ и општина Гевгелија за соработката во проектот.

 



Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули истакна дека со овој проект конечно може да се заклучи дека 2018 година е година на пречистителни станици. Патот кон Европската Унија е токму тоа - задоволување на стогите ЕУ стандарди кои служат за подобрување на животот на граѓаните.

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков нагласи дека капиталниот проект кој денеска се пушта во употреба е доказ дека Гевгелија е вистинска порта на Европа и дека Гевгелија прави вистински чекор кон Европа.

На крајот од обраќањата присутните имаа можност да ја обиколат градбата на објекотот на Пречистителната станица со пропратните градби, таложните базени, шахтата за тиња, просторијата за електрика, просторијата за анализа, административната зграда и да се уверат во заокруженоста на технолошкиот третман на отпадните води и функционалноста на оваа долгогодишна и веќе реализирана капитална инвестиција во Гевгелија.

 



 

Last modified on Среда, 26 Септември 2018 - 14:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.