Царинската управа на Граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија, вчера запленети 45 килограми дрога.
Дрогата е пронајдена во возило со албански регистерски таблици во обид истата да ја внесе во Грција и Турција.
Во подот на возилото се пронајдени вкупно 49 пакувања на зеленкаста тревкаста материја, која во подоцнежните анализи е констатирано дека станува збор за 35 килограми марихуана и 10 килограми хашиш.