Топ Новости

Гевгелија го чествува 11-ти Октомври

  • Четврток, Окт 11 2018

 

 

 

Денот на македонското востание одбележан со полагање свежо цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци од НОВ во Гевгелија.

Организатор на настанот како и секогаш е Општинската организација на Сојуз на здружението на борците од НОБ и нивните поддржувачи и следбеници кои за оваа прилика ги поканија да им се придружат претставници на локалната самоуправа и граѓани.

Пред споменикот на паднатите борци од НОБ се поклонија делегациите на борците, на Општина Гевгелија, на Советот на општина Гевгелија, на политичките партии и граѓани.

Пригодна беседа за сериозноста на воените настани кои не ја заобиколија Македонија како дел од европскиот фронт и Гевгелија како територија оставена под надлежност на бугарскиот сојузник на фашистичкиот окупатор, пред присутните одржа Ристо Марковски, претседател на СЗ на Борците од НОБ за Гевгелија.
Тој во името на сите искажа благодарност на жртвите кои ги даде Гевгелија и гевгелиските населени места во виорот на Народноослободителната борба во Македонија која започна на 11 октомври 1941 година со нападот на участокот во Прилеп, организиран од тогашната Комунистичка партија и нејзините припадници.

Во текот на Народноослободителната борба Гевгелија даде 73 борци загинати на воените терени ширум Македонија, од кои четворица се прогласени за Народни херои од Гевгелија. Заедно со воените жртви на боиштата и цивилните жртви, вкупната бројка на воени страдалници од Гевгелија за време на НОВ изнесува 168 лица.

Во чест на слободарите и нивното постигнување Гевгелија денеска празнува, а празнува и слободарски живее Македонија и сите нејзини граѓани кои ги уживаат придобивките на хероите од пред 77 години кога се кренаа на востание против фашизмот и од денешна дистанца историски потврдено и класифицирано злодело на едно бурно, немирно и сурово време.

Честит празник!



 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

СЈО со жалба бара притвор за Главчев и Димитровски

СЈО и понатаму бара притвор за Ратко Димитровски, сопственик на печатницата

Повеќе

СЈО со нова истрага „Поштенска Банка“

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски осомничени во новата

Повеќе

Асфалтирани три улици во Миравци

Вчера асфалтна постилка доби и улицата „Елена Минчев“ во должина од 130 метри,

Повеќе

Гевгелија го чествува 11-ти Октомври

Денот на македонското востание одбележан со полагање свежо цвеќе на Спомен

Повеќе

СЈО со нови 6 истраги

Подарок, Пропаганда, Дизајн, Хармонија, Базни станици, Пациент, се новите

Повеќе

Нов притвор за криумчар на мигранти

На регионалниот пат Негорци - Прдејци во близина на „Психијатриската болница

Повеќе

11 Октомври - Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република

Повеќе

Патрола на АРМ пукала во воздух и спречила влез на мигранти

АРМ со предупредувачки истрели во воздух спречила влез на мигранти во земјава,

Повеќе

Владата пристапи кон измени на Уставот на Република Македонија

На денешната 92 седница Владата на РМ донесе Одлука за доставување Предлог до

Повеќе

Донирано возило за гевгелиската детска градинка

Континуирана грижа на општината за подобрување на квалитетот за престој на

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.