Гевгелија и околината без електрично напојување

Четврток, 18 Октомври 2018

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично снабдување во период од 7 до 17 часот во Гевгелија и околните населени места

 

 

 

Интензивните работи за осовременување, реконструкција и санација на електричната мрежа на подрачјето на општина Гевгелија, за утре во Гевгелија носат нов 10 часовен прекин во електроснабдувањето.

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично снабдување во период од 7 до 17 часот во градот и околните населени места.

Во овој периодот без електрична енергија, ќе останат корисниците во делот од булеварот Гевгелија до улицата „Маршал Тито“ (вклучително и фабриките Контихидропласт, Ноел, 7ми Ноември, Соми, хотел-казино Аполонија), потоа центарот на Гевгелија и сите потрошувачи и индивидуални домаќинства од овој реон.

Освен во градското подрачје без електрична енергија ќе останат и пет населени места и тоа Мрзенци, Моин, Ново Конско, Кованец, Серменин, Ума, како и планинските локалитети Смрдлива вода и Ски центарот „Кожуф“.

Операторот најавува дека без напојување ќе бидат и производните капацитети во индустриската зона Блокотехна, како и хотелско угостителските капацитети кај граничниот премин Богородица.

Десетчасовниот застој во електроснабдувањето не треба да предизвика прекин во водоснабдувањето, а најавата е заради организирање на работниот процес за да истиот биде без технички дефекти и загуби.

 

Last modified on Петок, 19 Октомври 2018 - 03:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.