Гевгелија и Богданци викендов без струја

  • Петок, Окт 19 2018

 

 

Нов десетчасовен прекин на снабдувањето со електрична енергија во општините Гевгелија и Богданци најавуваат од ЕВН - Корисничко енергетски центар од Гевгелија за време на претсојниот викенд.

Интензивните работи на далноводната мрежа продолжуваат веќе трета недела по ред. Нема најава кога истите ќе бидат завршени. Затоа има најава на реоните и локациите кои поради безбедност во работата утре сабота (20.10.) и задутре недела (21.10.) ќе останат без напојување со електрична енергија.

На 20 октомври, во сабота, од 7 до 17 часот, без снабдување ќе останат селото Богородица и корисниците во близина граничниот премин Богородица (казино Сенатор, конзервна фабрика Пајдаков, пумпи за вода Чаири, бензинска пумпа Лукоил, ВУ дент и други). Потоа, регионот на улиците 7-ми Ноември, Маршал Тито, Солунска, Јосиф Јосифовски, Димитар Влахов, Загребачка, Сараевска и делот кон Моински пат и населбата Караорман.

Утрешниот ден, 20 октомври без струја, од 7 до 17 часот, ќе бидат селата Кованец, Серменин, Коњско , Ума, Смрдлива вода и Ски центар Кожуф. Ова е трет по ред ден на работа на екипите на ЕВН на овој терен, шшто значи дека работите уште траат поради тешко достапниот планински терен на далноводната линија.
Во сабота без напојување ќе бидат и селото Негорци, вклучително и Негорските Бањи и дел од околните индустриски објекти од „Блокотехна“.

На 21 октомври, во недела, од 7 до 17 часот, без струја ќе останат влезот на село Мрзенци, околу раскрсницата со околните објекти и индустриските објекти после село Мрзенци (Империјал тобако , Меркјури, Мателен, Еуроинг, хотел Нар и други). Потоа, дел од индустриските корисници во Гевгелија кои се напојуваат од 10 Киловолтниот далновод „Паскалин“ (тоа се објектите на „Евита кафе“, Визба Ригоимпекс, Интербетон сепарација, фабриката Вори, Пекара Бекарт, сепарацијата Мансард, Мотел Вардар , Бензинска пумпа на „Макпетрол“, на стариот пат, бензинска пумпа „Шимов“ на влез на Гевгелија и хотел-казино Фламинго).

На 21 октомври (недела) од 7 до 17 часот без струја ќе бидат село Мрзенци (освен раскрсницата на влезот), Оранжерии Прдејци, Технопродукт, Житопром, Сервис Тефтер, Оксија, Ледра и други, потоа, селата Ново Конско и Моин и дел од индустриските корисници на излезот од Гевгелија кон село Моин (Живинарска фарма, Житко, Јоријан и други).

Во центарлниот дел на Гевгелија, на 21 октомври, струја ќе немаат корисниците од Булевар Гевгелија до улица „Маршал Тито“ (вклучително Контихидропласт, Ноел, 7-ми Ноември, Соми, Аполонија, центарот на Гевгелија и др.) Додека пак истиот ден, но, од 7 до 10 часот, струја ќе немаат регионот на улиците - булевар Гевгелија, преку улиците Коле Неделковски , Борис Кидрич, Железничка се' до Илинденска.

Најавата за прекин на електроснабдување има и за реонот на општина Богданци во ист десетчасовен распон на работа на екипите на ЕВН од 7 до 17 часот.
Без напојување со електрична енергија на 20.10.2018 (Сабота) од ќе бидaт сите корисници од Општина Богданци ( потрошувачите од Богданци, Стојаково, Ѓавото, Селемли, вклучително индустриските објекти меѓу Богданци и Гевгелија и Дојран - Бензинска Шимов, сервис Ампов, Оранжерии Трнка 1 и2 , пумпа за вода комунално Богданци во Ѓавото, систем Спас за Дојран, Рибник Елита и други, заради интервенција на далноводната мрежа.

Корисниците се известуваат за најавените работи и застојот во електроснабдувањето за да го прилагодат производниот процес без технолошки дефекти и загуби, а домаќинствата кои се напојуваат со вода од Бунарите Чаири кај Вардар и пумпната станица во Богданци да се снабдат со вода за пиење, заради можен застој во водоснабдувањето.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.