„Дигитал“ ги остави гевгелиските улици во мрак

  • Понеделник, Окт 29 2018

 

 

Фирма-оператор за одржување на јавното осветлување 45 денови одбива да ги спроведе обврските од договорот за замена на сијалиците на уличното осветлување во Гевгелија.

„Дигитал“ од Струмица во изминатите шест години ги опслужуваше потребите за одржување на јавното осветлување во Гевгелија и населените места. Но, со отварање на постапката за избор на нов оператор по пат на јавен тендер како што налагаат обврските пред истекот на договорните обврски, „Дигитал“ престанал да доаѓа да ги опслужува своите договорни обврски во општина Гевгелија.
Градоначалникот Сашо Поцков за овој минлив проблем проговори на последната седница на Советот на општината одговарајќи на забелешките на опозицијата „зошто нема улично светло“. Започна од забелешката на Сарамандов дека градот е во мрак, нема улично осветлување, па напомена дека фирмата „Дигитал“ која треба да се грижи за уличното осветлување во Гевгелија не доаѓа на интервенции зошто има побарувања од минатите години од 13 милиони денари. „Дигитал“ добивал тендери зошто понудил да менува сијалици за улично осветлување во Гевгелија за 5,- денари, а при тоа за секое нова интервенција ќе наплаќал за 4.000,- денари, а всушност се работи за интервенции кои реално чинат 300,- денари.

Поцков најави дека веќе е избран нов оператор за одржување на уличното осветлување. Стариот оператор знаејќи дека има нова постапка за избор на оператор за подрачјето на општина Гевгелија, изминативе 45 дена додека траеше постапката, ја опструираше работата и не одговараше на барањата на општината за замена на прегорените светилки за улично осветлување. Одговорните во фирмата одбрале така да се однесуваат, да не ги извршува обврските од договорот со Општината. А, денеска фирмата „Дигитал“ од Струмица испратила и Нотарски платен налог, кој ако го приговараме ќе стане судски предмет, ако не приговараме по нотарскиот налог ќе стане извршен налог за наплата, рече Поцков.

До потпишувањто на договорот и упатувањето на терен на новиот оператор за одржување на уличното осветлување, гевгеличани ќе почекаат уште некој ден, додека стапат на сила договорните обврски на новоизбраниот опаратор за замена на уличните светилки со нови и одржувањето на јавното осветлување во општината.

Поцков реагираше на штетите кои се прават со кршење на сијалици, јавни канделабри, вадење на сензори од уличните канделабри и ова не е предмет на политика туку е штета и на трет на сите граѓани. Дел од сторителите се евидентирани и ќе бидат повикани на одговорност. Зошто некој ако е опозиционо настроен има желба да прави штета и да повикува на одговорност за уличното осветлување, на места каде некои свесно прават штети, постави прашање градоначалникот пред советниците и пред јавноста.

Гевгеличани се сеќаваат на ангажманот на фирмата „Дигитал“ ДОО Струмица во Гевгелија за време на предизборието на Локалните избори 2017 година кога беше активирана за поставување на изборни плакати и висечки постаменти низ улиците на Гевгелија за потребите на тогашната партија на локалната власт ВМРО-ДПМНЕ. Дали заминувањето на оваа партија од локалната власт ја премислиле фирмата да нејќе да работи за друга партија носител на локалната власт во Гевгелија, па ја остави Гевгелија и населените места во принуден мрак 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.