Општините Дојран и Свиштов од Бугарија потпишаа меморандум за соработка

  • Недела, Ное 04 2018

 

 

Во пресрет на општинскиот празник 5-ти Ноември Општина Дојран, претставувана од градоначалникот Анго Ангов денеска потпиша меморандум за соработка со бугарската општина Свиштов. Во име на бугарскиот партнер со намери за соработка меморандумот го потврди градоначалникот Генчо Генчев.

Свиштов е град во Северна Бугарија и е административен центар на Општина Свиштов која брои близу 35.000 жители. Се наоѓа во Великотрновската област и е расположен на брегот на реката Дунав. Градот е трет по големина во областа после Велико Трново и Горна Орjаховица. Општината пак е распространета на 110,3 километри квадратни, на надморска височина од 80 метри.
Северната географка положба на Свиштов и јужната на Дојран ги прави соседни погранични општини со можност за меѓугранична проектна соработка во рамките на ИНЕТЕРРЕГ програмите на Европската Унија.

Меморандумот меѓу двете општини потпишан денеска има за цел продлабочување на соработката помеѓу соседните општини, зголемена промоција на Општина Дојран на бугарскиот пазар и подобри туристички понуди за граѓаните од двата града. Градоначалникот на Свиштов, Генчо Генчев изрази големо задоволство што е гостин во Општина Дојран и го поканисвојот домаќин,  градоначалникот Ангов да ја возврати посетата во Свиштов, Република Бугарија.

    

Градоначалниците заедно разменија пригодни поклони во знак на посетата и меморандумот - Плаќета со грбот на Дојран за гостите од Свиштов, Р. Бугарија


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.