Се бара локација за стационар за бездомни кучиња

  • Недела, Ное 04 2018

 

 

Општина Гевгелија, е една од општините во Југоистокот, заедно со Струмица каде ќе се гради стационар за кучиња скитници.

Проектнит зафат кој за двете општини чини околу 20 милиони денари ќе биде во најголем дел финансиски поддржан од Швајцарската Влада и УНДП. Уделот на општина Гевгелија во целиот проект е 2,7 милиони денари, но за навремен старт потребно е да биде избрана поволна локација за непречено функционирање на стационарот.

Во функција на забрзување на динамиката на работите, за утре, 5 ноември, Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина при Советот на општина Гевгелија ја закажа својата 15-та седница на која треба да стане збор и за избор на соодветна локација.

Се работи за територијален зафат од 2.000 метри квадратни каде ќе бидат изградени 40 боксови за кучиња. Овде ќе се носат заловените животни, ќе добијат ветеринарски преглед и третман, а потоа ќе бидат понудени на згрижување.
Првично определениот простор во месноста Прдејци не ги задоволува условите од здравствен аспект. Се наоѓа покрај течението на реката Вардар, а токму водата и присуството на мушички кои можат со убод да пренесат болести од заловените кучиња, уште пред да го добијат здравствениот третман, е фактор на ризик по здравјето како на останатите кучиња, така и на населението.

Во прашање е заразната болест која била евидентирана во 30-40% од заловените кучиња во првото полугодие од годината на реонот Гевгелија, Богданци, Дојран. Се работи за болеста Leishmania која што се пренесува од заразено куче преку каснување на песочна мушичка, а потоа преку убод на човек. Докторите објаснуваат дека Македонија е ендемско подрачје за лајшманијаза. Евидентирано е дека во последните седум години заболеле 70 луѓе, а двајца починале. Навременото лекување може да спречи големи последици по здравјето и животот на заболените.

Наместо лекување, подобро е да се превенира, па затоа надлежните од општината утре ќе расправаат за избор на нова локација за стационар за кучиња, која не треба да биде во близина на вода, или во подрачје на дабова шума каде се присутни мушички, потенцијални преносители на кучешката Leishmania. Брзиот одговор за локација, ќе значи и брза реализација на проектот за изградба на стационар за кучиња и потенцијалните носители на оваа болест да се тргнат од урбаната зона за да не ја шират болеста.

На седницата на комисијата ќе биде присутен и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.