Стационар за бездомни кучиња ќе се гради во Негорци

  • Понеделник, Ное 05 2018

 

 

Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина при Советот на општина Гевгелија денеска донесе одлука за определување на локација за изградба на стационар за бездомни кучиња. Падна одлука за локација во атарот на Негорци, во близина на Нервнопсихијатриската болница.

Ова беше договорено на денешната средба на градоначалникот на општина Гевгелија со членовите на Комисијата за урбанизам на Советот на општина Гевгелија, со која претседаташе советникот и претсадател на Комисијата, Тихомир Ручкоманов.  Притоа, беше нагласено дека оваа локација соодветствува на потребите за реализација на овој проект, се наоѓа во непосредна близина на пат, има електроприклучок, водоводна и канализациона линија, неопходни за функционално работење за потребите на стационарот, како за вработените, така и за неговите привремени станари, кучињата скитници.  Парцелата од 2.300 метри квадратни се наоѓа на државно земјиште (поранешна фарма) и е оддалечена од населбата Негорци (повеќе од 500 метри до првата куќа како што налагаат правилата за градба на таков стационар).

Од општината најавуваат дека почетокот на изградбата на стационарот може да започне од идната недела. Веќе е избран најповолен изведувач според претходно спроведена тендерска постапка и избрана е фирмата ДГТУ „ЕВРОГРАДБА“ - ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ, с.Владевци. Јавната набавка за избор на најповолен изведувач ја спроведе Советот на Југоисточниот плански регион кој е главен реализатор на проектот со помош на средства од Швајцарската Влада и УНДП. 

Како што е познато, во рамките на Југоисточниот плански регион ќе бидат изградени два стационари за бездомни животни, во Струмица, чија изградба веќе започна и вториот во Гевгелија. Рокот за изградба на стационарот е 6 месеци.

Вкупната вредност на проектот е 19.971.922 денари, од кои од Бирото за регионален развој се одобрени 11.980 денари. Кофинансирањето од страна на општините во ЈИПР е со вкупна вредност од 7.991.992,00 денари, од кои руралните општини учествуваат со износ од 150.000 денари, урбаните општини со по 500.000 денари, додека општините Гевгелија и Струмица каде што ќе бидат изградени стационарите учествуваат со средства во висина од по 2.695.961 денари. Дополнително од УНДП се обезбедени 20.000 долари за обезбедување на опрема за двата стационари.

По завршување на имплементација на овој проект и преотстапувањето на прифатилиштата од Центарот за развој на ЈИПР на двете општини Струмица и Гевгелија, општините ќе го одберат соодветниот модел за негово функционирање. 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.