Одбележан Денот на ослободувањето на Дојран

  • Понеделник, Ное 05 2018

 

 

Денот на општина Дојран 5-ти ноември со пригодна програма, спортски натпревари, свечена седница, доделени благодарници на заслужни граѓани и фирми со специјалниот гостин, Амбасадорот на Франција во РМ г-дин Кристијан Тимоние, беше свечено одбележан во организација на општината.

Празнувањето на 74 годишнината од ослободувањето на Дојран од фашистичкиот окупатор започна традиционално, со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјата во Нов и Стар Дојран. Возрасните се поклонуваа пред жртвата на своите сограѓани и борци во НОБ, а младите, ученици зедоа учество во спортските трки, озваничувајќи ја слободата како полет и младешки елан кој не се скротува.

По повод празникот на општината денеска беше одржана и свечена седница на Советот на општината. Во чест на достигнувањата на голем број граѓани во создавањето на модерната општина Дојран Градоначалникот Ангов додели плакети и благодарници на заслужни граѓани и фирми од општината. Свечениот прем се одржа во Музејот на Првата Светска Војна каде свое пригодно обраќање имаше градоначалникот Анго Ангов.

- „Денес навршуваат 74 години од денот кога жителите на Дојран ја дочекаа и ја славеа слободата. 5-ти Ноември, голем и важен датум мои сограѓани, датум кој не' потсетува на храброста, истрајноста, непоколебливоста и борбата на сите наши предци-дојранчани, ни' дава поттик да продолжиме да си ја зачуваме храброста како одлика, да продолжиме да ја чуваме слободата и да се трудиме заеднички и денес и утре да ја остваруваме генералната визија за поквалитетен живот на сите наши сограѓани, и за просперитетна и прогресивна општина.
Од тој ден, Дојран живее како слободен град и се движи по патеката на својот постојан развој. Затоа и денес, гордо останавме, живееме и создаваме токму овде. Тука сме да ја оддадеме нашата длабока почит на сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Дојран, тука сме за да се потсетиме и никогаш да не заборавиме дека само поради храброста на нашите предци, на вашите роднини и сакани на вашите сакани сведочиме за еден од најсветлите денови од историјата на нашиот град."

На одбележувањата по повод Денот на општината присуствуваа граѓани од Општина Дојран, претставници на локалната самоуправа, градоначалници од соседните општини, а специјален гостин беше францускиот амбасадор, г-дин Кристијан Тимоние.

 

Фото: Доделување на благодарници и плакети и почесниот гостин, амбасадорот на Франција во РМ на свечениот прием во општина Дојран


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.