Топ Новости

 

 

Денот на ослободувањето на Гевгелија 7-ми Ноември и 74 годишнината од слободарското живеење по победата над фашизмот денеска гевгеличани го започнаа со оддавање почит на најзаслужните - борците за слобода, загинатите народни херои, партизаните и жртвите на фашизмот на овие простори.

Букети и букети цвеќе пред нивните бисти во центарот на Гевгелија само укажуваат дека благодарноста е огромна, искажана од Општинската организација на Здруението на борците и поддржувачите на НОБ, од претставници на локалната самоуправа, од претставници на пензионерите, граѓанските организации и граѓани поклоници на делата на слободарите.

Благорадност, сеќавање, незаборав и историски спомен од сите нас, слободари наши, великани наши, борци пожртвувани за иднината на сите нас.
Народните херои Јосиф Јосифовски - Свештарот Ѓорче, Ковачевиќ Радован - Максим, Прке Ванчо - Сермен и Митров Слободан - Данко.

Заедно со борците низ цела Македонија, бројот на вкупно загинатите лица во гевгелиско во текот на НОВ и антифашистичката револуција изнесува 168 лица од кои: 73 борци, 9 жртви на фашистичкиот терор, активни соработници на НОВ, 32 борци на НОВ и жртви на фашизмот - населени колонисти во Гевгелија и гевгелиско, 16 борци умрени од последиците добиени во НОВ, 8 војници загинати во составот на бившата југословенска војска, 16 жртви од мирното население и 14 евреи.

Ви благодариме за слободата слободари наши!


Нека ни' е честит празникот гевгеличани.
Вековит да е!

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.