Пуштени во употреба новите бунари кај Вардар

  • Среда, Ное 07 2018

 

 

 

Капиталниот проект на општина Гевгелија за обезбедување нови количини на чиста вода за водоснабдување на Гевгелија, познати како новите бунари кај Вардар кај месноста Мрзенци, вреден 1.710.620 евра во изведба на бугарската фирма „Хидрострој“ по две години интензивна работа, денеска беше свечено пуштен во употреба.

Чинот беше препознаен како решение на најгорливиот проблем на гевгеличани, а тоа е чистата вода за пиење со која што ќе бидат снабдени 76% од граѓаните на општина Гевгелија и дел од општина Богданци.

По тој повод денеска во Гевгелија присуствуваше и Министерот за транспорт и врски - Горан Сугарески, кое министерство беше директно инволвирано во проектот.

- „Имајќи предвид дека најгорливиот проблем за гевгеличани беше токму водата за пиење, со изградба на овој систем очекуваме да се надмине деценискиот проблем“ истакна Сугарески пред гевгеличани.

Ако општината е богата, ќе има задоволни граѓани. Со таа цел Министерот Сугарески најави 70 милиони евра инвестиционен фонд за изградба на патишта улици низ општините и руралните средини и ги покани општините да учествуваат со свои проекти за искористување на овие средства.

Сугарески им честиташе на сите кои учествуваа во изведбата на проектот и посака: „Нека е со среќа. Аирлија да е!“.



 

Градоначалникот Сашо Поцков го започна своето обраќање пред гевгеличани известувајки ги дека ова е еден од најзначајните капитални проекти за општина Гевгелија. Истиот треба да обезбеди водоснабдување за 17.500 жители од општина Гевгелија и 2000 жители од населените места Селемлија и Стојаково, кои се на подрачје на општина Богданци.

Новите три бунари кај Вардар се комплексен систем со свој резервоар за вода, хлорна станица за гасно хлорирање, 1500 метри цевковод со дијаметар од 450 милиметри. Трите новоизградени бунари кај Вардар ќе работат со целокупна автоматизациона постапка што ќе ја изведуваат вработените на „Комуналец“, јавното локално комунално претпријатие кое ќе стопанисува со истите.

Градоначалникот Сашо Поцков најави дека новата чиста вода ќе потече до граѓаните до крајот на ноември (на инвестиционата табла стои дата 22.11.2018), период кој ќе биде искористен за обука на вработените, чистење на цевките и пробна работа.

Градоначалникот Поцков најави дека со ова завршува најгорливиот проблемот на гевгеличани со арсенот и обезбедување на стандардите на Светската здравствена организација. Поцков најави дека не се откажува од проектот за деарсенификација на водата од бунарското подрачје кај Моин, зафат кој го најави за следната инвестициона година на општина Гевгелија.

Проектот вреден 1,7 милиони евра во кој партиципираше Европската унија со 195 илјади евра, стартуваше со реализација на 17.11.2016 година.

Свеченото пуштање во употреба со сечење на црвена лента го извршија Министерот за Транспорт и врски во Владата на РМ Горан Сугарески, градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, претседателот на Советот на општина Гевгелија Ташко Дојчинов и поранешниот градоначалник на општина Гевгелија кои ги стартуваше проектните активности во 2016 година, Иван Франгов.



 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.