Топ Новости

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

  • Недела, Ное 11 2018

 

 

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во просториите на Природно математичкиот факултет во Скопје, гевгелиските ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ повторно успешни.
Прва награда освоија учениците Софија Иванова и Илија Иванов од VI одделение кои работеа и создаваа под менторство на својот предметен наставник Тодорка Николова.

Дипломите за освоеното Прво место во рацете на Софија и Илија предадена од Професор по физика на Природно математичкиот Факултетв од Скопје


Успехот на младите љубители на природните науки е дотолку поголем што се работи за конкуренција од 250 експерименти презентирани од ученици од повеќе училишта во државата од областа на природните науки. Тоа се ученици од понижите одделенија (III, IV, V, и VI одд.), а od 14-темина гевгеличани кои зедоа учество, со заслуги покажаа дека успешно ги следат образовните предизвици и умеат да ги презентираат и да бидат најдобри во својот научен потфат.

Вчера, во рамките на истата манифестација организирана од Природно математичкиот факултет и „Скопје Сити мол“ учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија освоија три трети награди и четири признанија за успешни презентации на своите експерименти.

Убава вест дека често критикуваното образование кај нас, сепак носи успеси со вистинските ментори и дечиња посветени на вредностите што ги носи науката и успехот со нејзината примена во сите сфери од животот.

Манифестацијата „Месец на науката 2018“ ќе трае во текот на цел ноември, викендите ќе бидат резервирани за креативни детски работилници каде најмалите ќе може на сосема поинаков начин да се запознаат со природните закони на науката, предавања, презентации и други научни настани во рамкте на месецот посветен на науката, која како ваква манифестација се одржува трета година по ред.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.