Една година локална власт во Гевгелија

Понеделник, 12 Ноември 2018

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во текот на извршувањето на функцијата во изминатата една година од својот градоначалнички мандат

 

 

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во текот на извршувањето на функцијата во изминатата една година од својот градоначалнички мандат.

Првиот збор со кој го опиша својето едногодишно градоначалнисување за Поцков беше „консолидација“, алудирајќи на финансиската и кадровата затекната состојба во општината која тонеше во долгови и незавршени и неисплатени проекти.

- „Како што веќе знаете, наследивме општина со долг од над 143 милиони денари кон доверителите од стопанството и со кредити во износ од 2 милиони евра. Во изминатава една година успеавме со домаќинско и одговорно работење финансиски да ја консолидираме општината. Општината успеа во рок од една година кон доверителите да врати над 25 милиони денари, односно да санира 17% од долгот кон стопанството. При тоа, ги извршувавме и нашите обврски кон граѓаните, согласно нивните потреби и редовно ги подмирувавме сметките за тековните работи“ рече Поцков во своето денешно обраќање пред медиумите.

Тој го посочи проектниот ангажман на општината, пред се' капиталните проекти Пречистителната станица кај Вардар, новата времена Санитарна депонија кај Конско и пуштањето во употреба на новиот водоснабдипелен систем за Гевгелија, со новите бунари за чиста вода кај Вардар, во месноста Мрзенска Ада. Сите заедно носат капитален влог на општината од 13,5 милиони евра, обезбедени од странски донации и грантови, преку заем од Светска банка, но и од сопствено учество.

 



Во изминатите десет месеци од 2018 година за изградба и реконструкција на улиците во општината од општинскиот буџет беа издвоени 14 милиони денари или скоро 238.000 евра. Притоа, беше обновен асфалтот на 11.217 метри квадратни улична површина. Исто така, беа бетонирани 4.632 метри квадратни помали улици и краци.

Поцков ги нагласи и доделените средства, во износ од 180 милиони денари, од Министерството за транспорт и врски, со кои се реконструирани регионалните патни правци Миравци-Давидово и Смоквица-Прдејци, а започнува реконструкцијата на патот Гевгелија-Негорци.

Во училиштата, детските градинки и Центарот за деца со посебни потреби досега е вложено над 2,5 милиони денари.

Општината преку своето јавно локално комунално претпријатие се грижи и за квалитетот на комуналните дејности. Во тој контекс градоначалникот Поцков ги истакна ангажманите на ЈПКД „Комуналец“ во овој изминат едногодишен период, кое за кратко време финансиски се консолидира и успеа да набави по подолго време сопствена механизација – ровокопач, како и нова урбана опрема.

Поцков не ги заобиколи вложувањата и постигнувањата во сферата на културата и спортот, најавувајќи дека до крајот на годината, Гевгелија ќе добие уште еден уреден спортско-рекреативен центар, а тоа е – Динќут. Но и покрај многуте сфери на кои се осврна во својот едногодишен градоначалнички мандат, не заборави да ја актуелизира уште еднаш темата за чиста вода за гевгеличани, особено обезбедувањето систем на деарсенификација за старите бунари кај Моин.

- „На бунарите со вода за пиење кај Моин, во тек се испитувањата за присуството на арсенот, кои ќе бидат основа за инсталирање на систем за деарсенизација на водата, во текот на наредната година. А, тоа значи обезбедување на квалитетна вода за пиење и од овие бунари“, нагласи Поцков.

Поцков ја најави и денешната средба со претставници од германската Ка-Еф-Ве банка, преку која Општината добива германски грант од 2,2 милиони евра, со што всушност започнува и имплементацијата на проект за изградба на водовод и канализација во станбената населба Караорман, во населените места Негорци и Прдејци, како и за комунално уредување на технолошко-развојната зона кај Прдејци.

Покрај определбата за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во општината, во изминатава година, како општина настојувавме да го подобриме и квалитетот на услугите кон нашите корисници – граѓаните. Општина Гевгелија доби сертификат за ИСО стандардот 9001:2015, што е уште една потврда за успешната примена на системот за управување на квалитет.

- „Моја заложба е овој стандард во иднина да го унапредиме“, рече во изјавата за јавноста градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, по повод едногодишното преземање на градоначалничката функција.

 

Last modified on Понеделник, 12 Ноември 2018 - 17:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.