Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Вторник, 13 Ноември 2018

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за асфалтирање на локалниот патен правец Гевгелија - Негорци

 

 

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи - гребење на стариот асфалт за подготовка на асфалтирање на локалниот патен правец Гевгелија - Негорци.

Првите работи се започнати од раскрсницата на булевар „Гевгелија“ кон патниот правец кон Негорци, северно од кружниот тек на оваа делница.

 

Овој зафат е дел од годишната Програма на општина Гевгелија за изградба и реконструкција на улици во Општината и населените места. За таа цел, во изминатите десет месеци од 2018 година од локалниот буџет беа издвоени 14 милиони денари, или близу 238.000 евра. Притоа, обновен е асфалтот на 11.217 метри квадратни улична површина, а бетонирани се 4.632 метри квадратни помали улични краци.

Од својата летна акција за улична обнова низ Гевгелија и населените места од локалната самоуправа соопштуваат дека изградени се нови улици со вкупна површина од 3.082 метри квадратни, во должина од 487 метри. Изградени се и 150 метри нови канализациони линии во општината, во вредност од 337.534 денари.
Во изминатите десет месеци изградени се нови линии за улично осветлување и нов кабелски приклучен вод за водоснабдителниот систем, во вредност од 4.415.000 денари.

Вкупно е изградена и обновена близу 20.000 метри квадратни улична површина, а целиот урбан зафат на Општината за улици, канализација и електрификација изнесува 18,752 милиони денари. Треба да го споменеме и ангажманот на Министерството за транспорт и врски со одвоени 180 милиони денари за реконструкција на регионалните патни правци Миравци-Давидово и Смоквица-Прдејци кои спаѓаат во атарот на општина Гевгелија.

 

Last modified on Вторник, 13 Ноември 2018 - 13:01

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.