Богданчанец со срцето во Дојран, со мислите во музиката, со незаборавниот репортоар од музичката кариера на неговиот познат брат Крсто од легендарната група „Мањифико“ - Тимчо долго време се занимаваше со музика, како и голем дел од семејството Таушанови.
До последен ден беше со својата гитара. Мераците со старите звуци од македонските народни песни, звукот на бузуките и незаборавниот репертоар на групата „Мањифико“ во која настапуваше негов брат Крсто Таушанов, беа дел од изведбата во живо во омилениот ресторан „Фук Так“ во Стар Дојран.

За големината и музикалноста на семејството Таушанови зборува и приложеното видео во спомен на сите нив, кои не ги бираа песните по комерцијала, туку по битот на македонското поднебје од каде потекнуваа, од југот на Македонија.

Вечен спомен за Тимчо Таушанов, за Крсто Таушанов, еден од оснивачите на легенарната група „Мањифико“ која опстојуваше 31 година, со реализирани над 3.700 концерти речиси на сите континенти, освен во Азија, снимено 140 получасовни и едночасовни сопствени ТВ-емисии и уште стотина каде што гостувале. Снимени се пет ЛП, четири аудиокасети, едно цеде, една видеокасета и над 30 сингл-плочи.

Во спомен на Тимчо и големото музикално семејство Таушанови, еден музички меморијал со испонувањето на своевидната гевгелиска химна „Трба, трби гевгелиско“ снимена на локации од нивниот омилен Дојран и Дојранското езеро и песна за родното Богданци.

 





 

Фото: Тимчо Таушанов со препознатливата гардероба на групата „Мањифико“ која ги негуваше латиноамеричките звуци, несекојдневни за ова тло, но широко прифатени од публиката


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.