Пуштен во употреба реновираниот објект на УЈП Гевгелија

  • Вторник, Ное 27 2018

 

 

Даночното одделение во Гевгелија, од денес функционира во целосно реконструирана зграда, со нов модерен изглед и подобри услови за вработените. Свеченото пуштање во употреба го изврши директорката Сања Лукаревска во присуство на помошник директорот Душко Гошевски и коодинаторот на даночното одделение во Гевгелија Јане Картов.

- „Имаме нови реновирани простории со коишто им даваме основни услови за работа на нашите колеги. Ние, секогаш сме на линија со проблемите и сугестиите коишто ги примаме и од нашите колеги, но и од граѓаните. Од исклучителна важност е да се обезбедат нормални услови за работа“, изјави Лукревска.



Со средства на Управата за јавни приходи, во рамки на проектот “Кориснички ориентирана околина”, реновирани се 400 м2 корисна површина. Направена е нова фасада, заменети се сите прозорци и врати и комплетно е променета електричната, водоводната и мрежната инсталација.

Надворешниот дел има паркинг простор за вработените, како и за странките, а изградена е и пристапна рампа за лица со телесен инвалидитет.

Зградата на УЈП Гевгелија, како што ја нарекуваат гевгеличани е една од постарите градби во општината, лоцирана наспроти МВР, чија фасада во распад низ годините не оставаше убав впечаток за првиот даночник кој се грижи за сите приходи во државната и општинската каса. Реновираниот изглед на зградата е нов поглед за урбана Гевгелија и за грижата на УЈП за просторот на вработените и даночните обврзници кои ја посетуваат зградата согласно законските обврски.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.