Топ Новости

Гевгелија со контра аргументи пред Уставен Суд за одлуката за референдум

  • Петок, Ное 30 2018

 

 

По добивањето на писменато Решение од Уставниот Суд на РМ со кое се поништува Одлуката на општина Гевгелија за распишување на референдум за рудниците поради ненадлежност, Општина Гевгелија со писмен допис се обрати до истиот Суд со следното БАРАЊЕ:

ДА се отфрли иницијативата на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за референдум и да го повлече Решението У.бр.78/2018.

Во образложението на барањето на Општината до Судот стои наведено:

На седницата одржана на ден 31.10.2018 година Уставниот суд решавајќи по Иницијативата поднесена од правното лице РЕЗЕРВОАР МИНЕРАЛС ДООЕЛ Скопје донесе Решение У.бр.78/2018 со кое поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум на локално ниво, бр.09-626/1, донесена од Советот на Општина Гевгелија на 15 март 2017 година.
Општина Гевгелија, како учесник во постапката пред Уставниот суд, согласно член 13 и член 19 од Деловникот на Уставниот суд, до Судот достави одговор на решението за поведување на постапката во кое се нведува:

1. Согласно член 108 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста. Согласно член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

2. Во гореспоменатото Решение, Судот оценил дека со оспорените одлуки Советот на општина Гевгелија постапил спротивно на законите и распишал референдум на локално ниво за прашање што не е во негова надлежност, односно за прашање за кое тој не е овластен со закон да одлучува и поради тоа пред Судот се поставува прашањето за уставноста и законитоста на оспорените одлуки.

3. Меѓутоа, Судот во својата оцена пропуштил да ја разгледа правната природа на споменатите одлуки на Советот на општина Гевгелија.
Имено, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд меѓу другото одлучува за согласноста на законите со Уставот, за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите. Одовде се наметнува прашањето дали оспорените Oдлуки воопшто претставуваат прописи, односно акти кои се подобни за уставно-судска оцена.

По својата природа прописот претставува акт кој содржи општи норми на однесување, уредува односи на субјектите во правото на општ начин и утврдува права и обврски на неопределен круг на субјекти во правото, додека Одлуките кои ги оспорува
Иницијаторот се конкректни акти кои не содржат општи норми на однесување и воопшто не уредуваат односи на општ начин.
Според својата форма, Одлуките на Советот спаѓаат во категоријата правни акти кои имаат поединечен карактер, односно со нив се уредува еден единствен случај- одржување референдум на локално ниво- со што нејзината примена се исцрпува еднократно.

4. Според сето горе наведено сметаме дека Уставниот суд треба да констатира дека оспорените одлуки се поединечни правни акти, а не општи прописи во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, да се огласи за ненадлежен за Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на оспорените одлуки и согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд да ја отфрли иницијативата и да го повлече Решението У.бр.78/2018.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.