Меѓународен ден на лицата со попреченост

Понеделник, 03 Декември 2018

Трети декември е светски ден за одбележување на потребите на лицата со попреченост и грижата на општеството за нивна инклузивност

 

 

Трети декември е светски ден за одбележување на потребите на лицата со попреченост и грижата на општеството за нивна инклузивност

Денеска е 3-ти декември, Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Секоја година, поттикнати од Обединетите Нации, светот се потсетува за оваа категорија на луѓе со посебни потреби осврнвајќи се тематски на нивниот живот и инклузивност во општеството.
Оваа година ОН ја одбраа темата: „Ослободување на лицата со хендикеп и обезбедување на инклузивност и еднаквост“.

Организираните настани по то повод имаат за цел да се промовира подоброто разбирање на полето на хендикепот, со фокус на правата на лицата со посебни потреби и придобивки кои ќе произлезат од процесот на интеграција на овие лица во секој аспект на општествениот живот во самата заедница. Овој ден во светот се одбележува од 1992 година кога Генералното Собрание на Обединетите Нации го прогласи 3-ти декември за Меѓународен ден на лицата ссо посеби потреби.

По тој повод, организирани се одбележувања и настани и во Општина Гевгелија, под мотото „Да не оставиме никој зад нас“ и „Секој е важен“. Свои ангажмани имаат Центарот „Мајка Тереза“ од Гевгелија во соработка со општина Гевгелија, Дневниот центар за лица со посебни потреби, НВО Внимание и Аполонија фондацијата од Гевгелија коин секој на свој начин се грижи и обеднува одредена категорија на лица со попреченост и се ангажира за остварувањето на нивните права и подобрувањето на условите за функционирање, учење, работа. Настанот е организиран во салата на Народниот театар во Гевгелија каде свое обраќање има и градоначалникот на општината Сашо Поцков и отец Димитар Ташев, основач на центарот „Мајка Тереза“. Присутните ќе дискутираат на тема „Што локалната заедница може да направи за поголема инклузивност и еднаквост на овие лица“.

На одбележувањето, ќе бидат доделени и наградите од литературниот конкурс, ќе биде организирана изложба на уметнички дела и рачно изработени предмети, а со своја културноуметничка програма ќе учествуваат ученици од основните училишта во општината, ОМУ „Васо Карајанов“ и драмската група „Дон Кихот“.

 

Во светот се смета дека најмалку 10% од светската популација, или околу 650 милиони луѓе живеат со попреченост. Овој број е поголем кај земјите во развој, па бројката изнесува 20% од сиромашните луѓе во светот се лица со посебни потреби. Статистиката вели дека процентот на деца со посебни потреби кои не посетуваат училиштае крајно променлив и е помеѓу 65 -85 во некои африканскиземји.
Сепак, секоја држава се труди да им помогне на овие лица со цел пробивање низ животот. Во Република Македонија се проценува дека 10%, или околу 200.000 жители се лица со посебни потреби, или некој инвалидитет.

Last modified on Понеделник, 03 Декември 2018 - 13:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.