Нацрт Буџетот за 2019 и програмите за работа пред Советот на општина Гевгелија

  • Вторник, Дек 04 2018

 

 

Највисокиот финансиски документ на Општина Гевгелија, Буџетот за 2019 година во нацрт верзија ќе биде разгледан на седница на Советот на општината, во средата 5-ти декември.
Содржините и ставките на Буџетот, кои се искажани и во посебни буџетски програми, 10 на број по одобрувањето од страна на советниците ќе бидат ставени на јавна расправа. На истата може со свои предлози да учествуваат и граѓаните, граѓански организации, асоцијации и други правни субјекти со свои предлози за усмерување на локалните комунални и капитални активности на општината за подобрување на општите услови за живот во заедницата.

По сумирањето на сите предлози, доколку се истите издржани би требало да се најдат во предлог верзијата на Буџетот на Општината за 2019 година која ќе оди во втора фаза на конечно одобрување пред советниците на општина Гевгелија.

Од програмите кои се составен дел на Буџетот, станува збор за Нацрт-програми за:
- уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2019 година,
- за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта,
- за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Гевгелија,
- за изработка на урбанистички планови,
- за финансирање, одржување и заштита на објекти од културно наследство,
- за активностите на општина Гевгелија во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и прекуграничната соработка,
- за активностите на општина Гевгелија во областа на Фондацијата за локален развој и развој на информатичките технологии,
- за комуникација и транспарентност и
- Нацрт-Програма за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија за 2019 година.

Последниот Буџет на општината за 2018 година имаше приходна проекција од 15,7 милиони евра (или 965,5 милиони денари). Истиот претрпи измени на 18-та седница на Советот одржана во ноември годинава, кога советницте изгласаа намалување на буџетскиот плафон за 265,8 милиони денари и одобрување на годинашниот буџет на 707.351.685 денари (што е корекција за 27,3%).

Колкав буџетски зафат се предлага за 2019 година ќе одлучат членовите на Советот на општина Гевгелија на утрешната 20-та редовна седница, закажана во 11 часот.

Освен одлука за локалната буџетска каса и придружните 10 програми за работа, советниците утре ќе расправаат и за финансовите планови за работа на општинските основни училишта и средношколскиот училишен центар, за изработка на Локална урбанистичка планска документација.

Последните пет точки од дневниот ред содржан од вкупно 27 точки се однесуваат за ЈПКД „Комуналец' - разгледување на третиот квартален извештај за работа и уште четири одлуки за утврдување на потребата од воспоставување на границите на заштитна зона околу извориштата за водоснабдување со кои стопанисува „Комуналец“. Тоа се извориштата за водоснабдување на селата Миравци, Давидово и Милетково, потоа околу извориштата за водоснабдување на с.Прдејци-општина Гевгелија, околу водозафатните објекти - извори Лунгур и Лешки и експлоатационен бунар Негорци за водоснабдување на с.Негорци и границите на заштитните зони околу водозафатен објект - бунар за снабдување на с.Смоквица - општина Гевгелија.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.