Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Петок, 07 Декември 2018

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе се поставува на теренот

 

 

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе се поставува на теренот. Тешката механизација на ангажираната фирма „Жикол“ е на терен од оваа недела. Целиот проект е вреден 90 милиони денари, средства кои се обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија.

По гребењто на стариот асфалт и неколкудневен застој на работите заради врнежливото време, што предизвика низа нервози на корисниците на оваа патна делница, по пополнувањето на ударните дупки асфалтирањето е веќе во тек. Првата фаза на асфалтирање завршува веднаш до старата управна зграда на поранешен ЗИК „Винојуг“. По асфалтирањето на оваа делница, ќе се премине на гребење и асфалтирање на преостанатиот дел од овој регионален пат.

Заради непречено одвивање на работите сообраќајот не е запрен, туку се одвива по една сообраќајна лента. Тоа го забавува прометот на возила, бидејќи истите и во двата правца на движење користат само една сообраќајна лента. Заради безбеднност и на возачите, но и на работниците кои работат на асфалтирањето, препорачливо е возачите и корисниците на оваа сообраќајна делница да се движат внимателно, со намалена брзина и претпазливо.

Доколку временските услови погодуваат за работа, целиот проект треба да биде завршен до крајот на годината.

Last modified on Петок, 07 Декември 2018 - 17:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почнува втората фаза од системот за наводнување Јужна долина на Вардар

Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната

Повеќе

Владата ќе добие пет нови министри

Денес од Валандово Премиерот Заев најави дека уште денес до Собранието ќе ги

Повеќе

Нов асфалт и проширување на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска го најави почетокот на

Повеќе

Валандовски средношколци Елена и Борис во финале на Genius Olympiad во Њујорк

Елена Гребенакова и Борис Китановиќ, ученици во втора година гимназија при СОУ

Повеќе

Одбележување на Светскиот ден на бегалците во Гевгелија

Со штанд на УНХЦР на градскиот плоштад во Гевгелија од 08 до 20 часот денеска

Повеќе

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули, (значи за 10 дена) почнете да собирате фискални сметки од секое

Повеќе

„Ден на проширување“ тема на Европскиот комитет за региони

Денеска и утре во Брисел се одржува дводневниот 16-ти по ред Заеднички

Повеќе

Сезонска работа во Грција - примамливи плати за работа на море

Летен одмор и заработка е добра комбинација, ако е тоа работа на некои од

Повеќе

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.