Констатиран престанокот на мандатот на двајца советници од Советот на општина Гевгелија

Четврток, 27 Декември 2018

Алчинов (СДСМ) и Савиќ-Ташевски (Коалиционен партнер на СДСМ од Српската партија) заминуваат од советничките места во општинскиот Совет

 

 

Алчинов (СДСМ) и Савиќ-Ташевски (Коалиционен партнер на СДСМ од Српската партија) заминуваат од советничките места во општинскиот Совет.

Советот на општина Гевгелија на вчерашната 21-ва редовна седнца го констатира престанокот на мандатот на двајца советници, Митко Алчинов и Снежана Савиќ-Ташевски, избрани од листата на СДСМ со коалиционите партнери.
Престанокот на мандатот на двајцата советници уследи по поднесената оставка од нивна страна и барање да бидат ослободени од советничката функција поради обврските од професионалниот ангажман, кои се неспоиви со извршувањето на јавна функција за застапување на граѓаните.

За донесеното решение за престанок на мандатот, Советот на општина Гевгелија ќе ја извести Општинската изборна комисија, која треба да ги извести следните двајца кандидати за советници од листата на СДСМ.
Според изборната листа за членови на Совет на општината од последноодржаните локални избори во РМ, двајца следни кандидати за советници од листата на СДСМ се Лазар Мешков и Александра Караманова. Истите, доколку ги прифатат советничките места, треба да ја известат Општинската изборна комисија за својата согласност во рок од осум дена. Веднаш потоа Општинската изборна комисија треба да им издаде уверенија на новите советници и да ги достави до Советот на општина Гевгелија каде ќе им биде верификуван мандатот на членови на Спвет на општината.

Следните на изборната листа за советници од СДСМ: Лазар Мешков и Александра Караманова

Last modified on Четврток, 27 Декември 2018 - 14:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почнува втората фаза од системот за наводнување Јужна долина на Вардар

Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната

Повеќе

Владата ќе добие пет нови министри

Денес од Валандово Премиерот Заев најави дека уште денес до Собранието ќе ги

Повеќе

Нов асфалт и проширување на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска го најави почетокот на

Повеќе

Валандовски средношколци Елена и Борис во финале на Genius Olympiad во Њујорк

Елена Гребенакова и Борис Китановиќ, ученици во втора година гимназија при СОУ

Повеќе

Одбележување на Светскиот ден на бегалците во Гевгелија

Со штанд на УНХЦР на градскиот плоштад во Гевгелија од 08 до 20 часот денеска

Повеќе

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули, (значи за 10 дена) почнете да собирате фискални сметки од секое

Повеќе

„Ден на проширување“ тема на Европскиот комитет за региони

Денеска и утре во Брисел се одржува дводневниот 16-ти по ред Заеднички

Повеќе

Сезонска работа во Грција - примамливи плати за работа на море

Летен одмор и заработка е добра комбинација, ако е тоа работа на некои од

Повеќе

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.