Новогодишна честитка на градоначалникот на општина Гевгелија

  • Понеделник, Дек 31 2018

 

 

Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, ја упати следната честитка до граѓаните:

Почитувани сограѓани, драги гевгеличани,

2018 година беше година на тешки одлуки, година на решавање битни прашања за иднината и година на подготовки. Трнлив и тежок е патот до успехот, но силно сме уверени дека вака мора да биде-за доброто на нашата земја, нашиот град и идните генерации.

Во 2018-та поставивме добри темели и врз нив заеднички ќе ја градиме визијата за Република Македонија како членка на НАТО и Европската Унија и за европска, модерна и зелена Гевгелија.
Пред нас се многу предизвици, но со чесна и посветена работа, секогаш отворено и транспарентно заеднички ќе ги надминуваме предизвиците и ќе ги решаваме проблемите.
Гевгелија ја трасира својата визија за одржлив економски и еколошки развој. Наша обврска е таа визија да ја оствариме.

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници сакам да ви ја честитам Новата 2019та година и Христовото раѓање-Божиќ.

Нека новата година биде исполнета со мир и хармонија, добро здравје и успеси на сите полиња. Нека оваа нова година биде и нова надеж за секој еден од нас.
Нека овој нов почеток означи и наш личен нов почеток и нов начин на живот во кој доблестите ќе бидат наши главни карактеристики.

Ви посакувам претстојните празнични денови да ги поминете во пријатна атмосфера, исполнети со радост и топлина.

Ви посакувам успешна и просперитетна, среќна нова 2019-та година.

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.