Мирна Новогодишна ноќ во Гевгелија и соседните општини

  • Среда, Јан 02 2019

 

 

Без нарушувања на јавниот ред и мир, без случаи на токсикологија од од прекумерно конзумирање алкогол и без новороденче во Новата 2019, тоа е билтенот на Новогодишната ноќ во Гевгелија и гевгелиско.

Од Полициската станица во Гевгелија известуваат дека за време на Новогодишната ноќ освен вообичаените службени дејствија немале никакви регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир во реонот на својата надлежност, а тоа е Гевгелија, Богданци и Дојран. Освен поплаки за гласна музика од соседството, пријави за расправии, други сериозни интервенции немало.

Од дежурните служби на Брза помош во Гевгелија известуваат дека дежурната екипа лекари и медицински персонал за време на новогодишната ноќ имале само седум повика за домашна посета, но тоа биле вообичаени посети за нарушена здравствена состојба на хронично болни, покачен притисок, болки во стомакот. Истите не се однесуваат на празничниот третман на новогодишната забава, така што немало случаи на прекумерно внесување алкохол и случаи за токсикологија. Следниот прв ден од новата 2019 Брзата помош од Гевгелија имала само четири интервенции.
- „Со оглед на тоа што просекот на интервенции во текот на една смена на Брзата помош во Гевгелија е 15, а некогаш дневната бројка на посети е и поголема од 20, според евидентираните случаи за новогодишната ноќ и првиот ден од годината поминаа на здраствен план прилично мирно и задоволително за здравствената состојба на нашите граѓани“ изјавија од дежурната служба на Брзата помош во Гевгелија, која со теренски посети ги покрива подрачјата на соседните општини Богданци и Дојран.

Мирен ден без интервенции имаше и единицата на Противпожарна заштита со ниту еден случај на потребни интервенции а време на новогодишната ноќ.

Забавни, внимателни и совесно со алкохолот и совесно во сообраќајот, такво беше поведението на гевгеличани и гостите кои за празниците ја посетија Гевгелија.

Освен мирната новогодишна ноќ, во вообичаениот билтен недостасува новороденче. Поради недостаток на специјалисти гинеколози во Општата болница во Гевгелија и неприфаќањето на специјалисти од други болници од државата да обавуваат породилна дејност во Болницата во Гевгелија, годинава Гевгелија не може да се пофали со новороденче. Се надеваме дека имаме веќе нов сограѓанин или сограѓанка, стари само еден ден, или неколку часови, но со матичен извод од некое родилиште во држаата.

Среќна Нова Година!

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

Русија го призна новото уставното име на Македонија

Руската Федерација денеска ја призна Република Северна Македонија

Повеќе

АМСМ: Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Сообраќакот се одвива по регионалниот пат Градско-Велес

Повеќе

Богданчани - најдобри математичари

Ваквата титула ја заслужија учениците од ОУ „Петар Мусев“ од Богданци кои на

Повеќе

Паднаа пресуди од 211 години затвор за Крвавиот четврток

Митко Чавков, како носител на „златна команда“ доби казна од 18 години затвор и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.