Започна да снежи и во Гевгелија

  • Петок, Јан 04 2019

 

 

Снегот пристигна и на југот од земјата. Ладниот воздушен бран што ја зафати земјата првите денови од годината донесе снежни врнежи во Гевгелија, Богданци, Дојран.
Скромните лелеави снегулки го започнаа својот танц над сводот на Гевгелија, утринава во 8:15 часот.
Во Богданци снегот веќе ги обеле улиците и покривите на куќите, што укажува на покривка од 1-2 сантиметри снег, како и во Дојран каде веќе нафрли снежна покривка од 2-3 сантиметри.
Планините и ридовите околу гевгелиско-богданската котлина се веќе обелени од снег. Првите снегови паднаа уште од вчера утрината после 5 часот, во Фурка и Селемлија.

Денешната максимално измерена температура во Гевгелија е 2 степени целзиусови, а утринската беше -1 С. Регистриран е ветер од север-северозападен правец со брзина од 13 km/h и повремени налети на ветер од 20 km/h.

За утре се пригнозира сончево и студено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе биде до 1 С, а во ноќните часови ќе достигне максимални - 6 Степени целзиусови.

 

Сонцето изгреа во 06:55 часот, а ќе зајде во 16:14 часот.
Времетраење на денот е 559 минути, или 9 часа и 30 минути. Искористете го денот најдобро што можете.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

Русија го призна новото уставното име на Македонија

Руската Федерација денеска ја призна Република Северна Македонија

Повеќе

АМСМ: Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Сообраќакот се одвива по регионалниот пат Градско-Велес

Повеќе

Богданчани - најдобри математичари

Ваквата титула ја заслужија учениците од ОУ „Петар Мусев“ од Богданци кои на

Повеќе

Паднаа пресуди од 211 години затвор за Крвавиот четврток

Митко Чавков, како носител на „златна команда“ доби казна од 18 години затвор и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.