Подготвен коледарскиот оган за вечерашниот Хепенинг

  • Сабота, Јан 05 2019

 

 

 

На градското игралиште во Гевгелија веќе е направена структурата од дрвени трупци за вечерашниот голем Коледарски оган што за 3,5 часа ќе биде запален во знак на почеток на 26-от традиционален коледарски хепенинг 2019.

На другата страна од игралиштето поставена е голема бина на која треба да настапат локални, домашни и странски изведувачи.

Организаторот на настанот, ЛК на СДММ од Гевгелија, веќе ги најави настапите на пеачката група Распeани гевгеличани, Игор Узунов, Ерик Фокс, Благица Калева, Благоја Груевски, Горан Куќиќ, Ленче Дедејска и Ани Малинкова.
Хепенингот секоја година носи нови пријатели на музиката и сценските забави, за настап пред гевгелиската публика. Годинава тоа е српската пејачка Анабела. Водителската улога на програмата, но и забавувач на публиката меѓу настапите на изведувачите му е доверена на гевгелискиот комичар Дејан Малзарков.

Коледарскиот оган ќе биде запален во 19:30 часот што значи и официјален старт на Хепенингот, а тричасовната забава можете да ја проследите со топла напивка, лесна закуска, која ја обезбедува организаторот, а за здравје, успех и бериќет да понесете и бадниково гранче како симбол на традицијата и заедничката сплотеност од настанот кој зближува.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.