Среќна семејна Бадникова ноќ

Недела, 06 Јануари 2019

Не се најважни трпезата и јадењето, туку празникот да го поминете во својот дом, во кругот на семејството, со радост и љубов

 

 

Не се најважни трпезата и јадењето, туку празникот да го поминете во својот дом, во кругот на семејството, со радост и љубов.

Сите обичаи за Бадник се поврзани со христијанското заедништво, љубовта и радоста. Посветените верници ќе ви речат дека се' треба да се пристави на трпезата за да означува плодна и родна година.

Убаво е ако имате да ги удоволите верските правила за празничното мени. Но, сепак, најважно од се' за Бадник е семејната хармонија и сплотеност на заедничката празнична вечера која може да ја приготвите како и секој ден од вашиот живот, но да биде со љубов посветена во друштво со членовите на семејството, потесно и пошироко.

Бадниковиот ден му претходи на најсреќниот семеен празник- Божиќ, еден од најважните празници во Христијанството како и Велигден.

На Бадник се носат бадникови гранчиња во домот, се приготвува посна вечера и ако сте посветен верник се оди во црква. Бадниковите гранчиња се симбол на она дрво, кое според верувањето, пастирите им го донеле на Јосиф и Марија за да запалат оган и да ја згреат пештерата во која бил роден Исус.

Сите овие обичаи му даваат смисла на празникот кој го слави Христовото раѓање. Не се важни трпезата и јадењето, бидејќи сето тоа може да се приготви кој било ден. Најважно е овој празник да го поминете во својот дом, во кругот на семејството, а сите обичаи поттикнуваат на љубов, простување и желба да се стави крај на сите конфликти.

 

Last modified on Недела, 06 Јануари 2019 - 15:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почнува втората фаза од системот за наводнување Јужна долина на Вардар

Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната

Повеќе

Владата ќе добие пет нови министри

Денес од Валандово Премиерот Заев најави дека уште денес до Собранието ќе ги

Повеќе

Нов асфалт и проширување на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска го најави почетокот на

Повеќе

Валандовски средношколци Елена и Борис во финале на Genius Olympiad во Њујорк

Елена Гребенакова и Борис Китановиќ, ученици во втора година гимназија при СОУ

Повеќе

Одбележување на Светскиот ден на бегалците во Гевгелија

Со штанд на УНХЦР на градскиот плоштад во Гевгелија од 08 до 20 часот денеска

Повеќе

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули, (значи за 10 дена) почнете да собирате фискални сметки од секое

Повеќе

„Ден на проширување“ тема на Европскиот комитет за региони

Денеска и утре во Брисел се одржува дводневниот 16-ти по ред Заеднички

Повеќе

Сезонска работа во Грција - примамливи плати за работа на море

Летен одмор и заработка е добра комбинација, ако е тоа работа на некои од

Повеќе

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.