Првото новороденче во општина Гевгелија е женско

  • Среда, Јан 09 2019

 

 

На Бадник, 6-ти јануари, во Општа Болница Гевгелија се роди првото новороденче, кое е женско дете, тешко 3.750 грама и долго 51 сантиметар.
Среќната мајка на новата рожба е Данче Поцкова од Гевгелија.

Родилката и бебето денеска ги посети градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков. Тој од името на Општината која ја претставува и од свое име го поздрави доаѓањето на свет на новиот жител на Општината, и на мајката и новороденчето им посака многу здравје, среќа и радост во животот. На малата четири дена „стара“ гевгеличанка градоначалникот и подари 10.000 денари и пакет со козметика за бебе, а на среќната мајка букет цвеќе.

Тој им посака многу радости во животот со својата нова рожба на мајката Данче и таткото Борис Поцкови.

Родилката Поцкова (29 годишна) во неделата на 6-ти јануар, била примена на Гинеколошкото одделение при општа Болница Гевгелија во 13:20 часот, а се породила во 14:25 часот. На мајката на новороденото женско дете, ова и' е трета рожба. Претходно имала родено два сина. Лекарската екипа предводена од Д-р Поп-Кочев заедно со акушерките и медицинските сестри успешно го донесоа на свет новиот жител на Општина Гевгелија.

Ова е второ родено дете во гевгелиската Болница годинава. Првото машко дете го роди жителка на Богданци Гордана Диванисова, која на 3-ти јануари ја доби својата четврта рожба во животот.

Во гевгелиската Болница минатата година се родени 140 деца. Ова е најмал број на новородени деца во една година, споредено со минатите. Тоа се должи на изборот на родилките да користат услуги од други породилишта во други здравствени институции во државата.

Им посакуваме добро здравје и среќа на новите мајки и новороденчињата. Засега во Гинеколошкото одделение во Гевгелија нема родилки кои се на присмотра или очекуван термин за пораѓање. Дежурните технички служби го чистат снегот околу објектот за непречен пристап на пациентите.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.