Патиштата во Гевгелија проодни

Четврток, 10 Јануари 2019

За 11 часа непречена работа низ улиците и локалните патишта во Гевгелија, градот и населените места оспособени за функционирање во зимски услови

 

 

Со целодневен ангажман на комуналните служби и јавно ангажираните фирми за чистење на патиштата во зимски услови, Гевгелија вчера и покрај наврнатите 14 сантиметри снег остана со проодни патишта и улици во зимски услови.

Уште во текот на вчерашниот ден додека траеја врнежите беше посипана песок и сол по патиштата од страна на фирмата „Карго рент“ која остана активна на терен до доцна синоќа, оспособувајќи ги патиштата за движење во зимски услови.
За сообраќај беа оспособени патот од Гевгелија до Негорци и понатаму до Кованец и Прдејци, патот од Гевгелија до Моин, како и патот од Гевгелија до Богородица.
Од фирмата „Карго рент“ потврдија дека на залиха имат 35 тони сол и сметаат дека оваа количина е доволна за ова подрачје со оглед на фактот дека снежните врнежи во гевгелиско се реткост.

Инаку, денес механизацијата на „Карго рент“ се упати кон Смоквица, со цел да го оспособи патот од селото до клучката на автопатот. Исто така, ќе се интервенира и на други места во Миравчкиот регион, Милетково, Давидово и Петрово.

Комуналните служби на јавното претпријатие „Комуналец“ уште вчера предпладнето расфрлија сол на градските улици и започнаа со расчистувањето на снегот. Покрај ова, беше организирана дежурна служба за вечерните часови, која продолжи со расчистувањето на главните градски сообраќајници, бидејќи снежните врнежи продолжија и во текот на вечерните часови.

Приоритет во расчистувањето на снегот имаа влезот на Гевгелија, булевар Гевгелија, главната улица „Маршал Тито“, улиците „Слободан Митров Данко“, „7-ми Ноември“, улицата Нов Булевар, „Петар Мусев“

И денеска, напоредно, механизацијата и вработените на ЈПКД „Комуналец“ работат на расчистување и одржување на градските улици, пешачките патеки во градот и на улични краци каде не е во можност пристап на механизација. Работите се изведуваат рачно, со лопати и се фрла песок и сол.

- „На двапати во ноќните часови комуналните служби фрлаа сол на сите градски улици, а посебно се расчистуваа улиците во централното градско подрачје, пред училиштата и детските градинки и јавните установи во градот. Се со цел во утринските часови сообраќајот, како на пешаците, така и на возилата да се одвива нормално. Набавени се доволни количества сол така што по потреба, или по нови снежни врнежи може повторно да се интервенира. Надлежните општински служби се мобилни и редовно ја следат состојбата и ги пореземаат потребните мерки за обезбедување на проодност на сите улици во градот и до населените места“, - изјави доцна синоќа градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, по обиколката на теренот која траеше до 01 часот после полноќ.

Во текот на вчерашниот ден, до 14 часот екипите и механизацијата за расчистување на снегот од улиците, исчистија по една сообраќајна лента од улиците, а до 23 часот синоќа беа оспособени за движење во зимски услови и вторите ленти од сообраќајницте во двата правца на движење


Благодарение на навременото справување со снегот низ улиците и патиштата до околните населени места во Општината, денешниот ден граѓаните можеа слободно да ги обавуваат своите дневни потреби со продоност на возила, лица, транспорт на стоки до сите јавни институции во градот, до Општата Болница, детските градинки и другите јавни институции.

Општинското тело за справување со снегот и одржувањето на патиштата во зимски услови до 23 часот синоќа ги оспособи локалните улици во Гевгелија, поставувајќи дежурни служби за интервенција од страна на ЈПКД „Комуналец“, а во текот на утринските часови се интервенира на локалните и регионалните патишта. Чистењето на регионалните патишта, што не е обврска на Општина Гевгелија, туку на Јавното претпријатие „Македонија пат“, но еве на овој начин општината и градоначалникот Поцков кој раководи со ова општинско тело, ја покажуваат својата општествена одговорност за воспоставување непреченото одвивање на секојдневните функции на граѓаните во зимски услови.

 

Last modified on Четврток, 10 Јануари 2019 - 15:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почнува втората фаза од системот за наводнување Јужна долина на Вардар

Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната

Повеќе

Владата ќе добие пет нови министри

Денес од Валандово Премиерот Заев најави дека уште денес до Собранието ќе ги

Повеќе

Нов асфалт и проширување на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска го најави почетокот на

Повеќе

Валандовски средношколци Елена и Борис во финале на Genius Olympiad во Њујорк

Елена Гребенакова и Борис Китановиќ, ученици во втора година гимназија при СОУ

Повеќе

Одбележување на Светскиот ден на бегалците во Гевгелија

Со штанд на УНХЦР на градскиот плоштад во Гевгелија од 08 до 20 часот денеска

Повеќе

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули, (значи за 10 дена) почнете да собирате фискални сметки од секое

Повеќе

„Ден на проширување“ тема на Европскиот комитет за региони

Денеска и утре во Брисел се одржува дводневниот 16-ти по ред Заеднички

Повеќе

Сезонска работа во Грција - примамливи плати за работа на море

Летен одмор и заработка е добра комбинација, ако е тоа работа на некои од

Повеќе

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.