Игор Ѓорески Хектор - 11 години од трагичната смрт кај Блаце

  • Петок, Јан 11 2019

 

 

Денес, 11 јануари 2019 година Македонија одбележува 11 години од трагичната хеликоптерска несреќа кај Блаце, Кумановско, во која загинаа сите 12 членови на екипажот.
Меѓу нив и армиски пилот, капетан Игор Ѓорески-Хектор (1976-2008) од Гевгелија.

Во негов спомен, и во спомен на трагично загинатите членови на мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, утре  во Гевгелија во 12 часот ќе биде посетено спомен обележјето на гевгелискиот Хектор, како што го нарекоа другарите својот загинат другар Игор Ѓорески, асоцијација на неговото загинување пред портите на својата земја.

Пред неговата спомен биста во центарот на Гевгелија почит ќе оддадат со полагање на свежо цвеќе  претставници на локалната самоуправа, партиски делегации и другарите и пријатели на овој несебичен гевгеличанец.

Постхумно одликуваниот за воен воздухопловен ветаран Капетан Ѓорески, прогласен за паднат борец, а во 2009-та година постхумно стана добитник на највисоката општинска награда „7-ми Ноември“ за животно дело.  Најавено е посета  пред спомен бистата на делегации од граѓански поклоници на неговото борбено дело, како и градоначалникот на Општината. 

Трагичната несреќа на 12 јануари 2008 година се случи со паѓањето на воениот хелихоптер „МИ 17“ на воздухопловниот ВИН на АРМ, кој од технички причини падна и се опожари кај месноста Блаце, Кумановско. Сите членови на екипажот загинаа на местото на несреќата.

Централната манифестација на оддавање почит по повод 11 годишнината од погибјето на 12-те мина прогласени паднати борци, се одржа денеска во организација на Министерството за одбрана во присуство на членовите од семејствата на загинатите, во месноста Блаце, пред споменикот подигнат во нивна чест и сеќавање, на кој стои стилизиран искршен пропелер од хеликоптер и нивните испишани имиња.

Нека им е ВЕЧНА СЛАВА!

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.